Тришо Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тришо Стојановски (Рајчица, Дебарско, 22 март 1938 - Скопје, 1 октомври 1986) бил македонски писател и новинар[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 22 март 1938 година во дебарското село Рајчица. Основно училиште завршува во Дебар, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителската школа работи 2 години како учител во Дебар, а потоа студира на Филозофскиот Факултет на југословенска книжевност. За време на студиите е уредник на културната рубрика на весникот Студентски Збор. Работел и во радио Скопје. Починал на 1 октомври 1986 година во Скопје. Бил член на Друштвото на Писателите на Македонија од 1972 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Стојановски е автор на поезиите:

  • Меѓу две реки - 1968 година
  • Сочувана земја - 1972 година
  • Немолклива земја - 1976 година
  • Рајска земја - 1986 година

И коавтор на антологискиот избор:

  • Огнови и време - 1971 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jovan Pavlovski, Rade Siljan, Vele Smilevski (2004). Makedonski pisateli (3 издание). Društvo na pisatelite na Makedonija.