Црква „Св. Варвара“ - Рајчица
Св. Варвара
| |
Црквата „Света Варвара“ во селото Рајчица, крај Дебарското Езеро | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Рајчица |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Варвара |
Изградба | 1597 година |
Архитектонски опис |
„Св. Варвара“ — мала средновековна црква во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар. Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, на зарамнета ливада високо над Дебарското Езеро и градот Дебар.
Историја[уреди | уреди извор]
Изградбата на црквата датира од 1597 година[1][2] истовремено со изградбата на црквата во Жировница[1]. Во 1913 година црквата била целосно ограбена од Турците, при што биле ограбени повеќе скапоцени и старозаветни икони со вкупна вредност од 50 златници-наполеони[1]. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Рајчки.
Градба и фрескоживопис[уреди | уреди извор]
Црквата била метох на Бигорскиот манастир. Според обликот на градбата таа претставува еднокорабна црква со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена од кршен камен и од малтер. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект. Зачувани се натписите испишани со старословенски букви, во кои се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове и годината кога е изградена и живописана 7105 (1597). Во внатрешноста на црквата има добро зачуван фрескоживопис кој се истакнува по својата уметничка сликарска убавина, одразувајќи го доцното средновековно влијание на цртањето. Имињата на зографот и на неговите двајца помошници остануваат непознати. Нивното сликарство нема поголеми ликовни вредности. На импровизираниот дрвен иконостас има неколку икони од истите зографи.[3][4] Во март 2016 година олтарниот дел на црквата бил целосно разоран од трагачи на злато. Биле забележани многу оштетувања во внатрешноста на црквата.[5]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр.57
- ↑ Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.252
- ↑ K. Балабанов, Студии од културно-историското наследство на градот Дебар и дебарската област, Прилог кон проучувањето на црквата „Св. Варвара“ во с. Рајчица – Дебарско, „Културно наследство“, VII (1976-1978), Скопје, 1978
- ↑ K. Балабанов, Благо на путевима Jугославије, Београд, 1983.
- ↑ Вандали – трагачи на злато ја осквернија црквата на св. Варвара
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Варвара“ - Рајчица на Ризницата ?