Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица
| |
Црквата „Свети Атанасиј“ во селото Рајчица | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Населено место | Рајчица |
Општина | Дебар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Атанасиј |
Изградба | 1868 |
Осветување | 1877 |
Зограф | Крсте Колов |
Архитектонски опис | |
Портал „МПЦ“ |
Свети Атанасиј (позната и како:Свети Атанасија) — црква во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар. Поточно, црквата се наоѓа во горната Маала Влаовци[1], помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар. Црквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1877 година[1]. Од страна на Турците црквата била 2 пати ограбувана, при што, првиот пат биле украдени два пара скапоцени одежди со проценета штета од 20 златници-наполеони, а вториот пат се украдени повеќе свештени книги (меѓу кои и Коло мение) со штета од 30 златници-наполеони[1]. Црквата имала земјишен посед од 17692 м2 и лозје во месноста Клакој од 825 м2[2]. На самиот влез од левата страна постои натпис на старословенски јазик и писмо кој гласи: „Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Анѓеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат - од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе“[2]. Под надлежност на оваа црква во минатото се наоѓале сите останати (четири) цркви во селото Рајчица, а како правно лице и застапник нејзиниот печат се употребувал како парохиски печат на Рајчката црковна парохија[3].. Во кругот на црквата се наоѓаат и гробишта. Денес црквата е во фаза на возобновување и реновирање.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр.45-46 и 57
- ↑ 2,0 2,1 Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр.45
- ↑ Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр.46
![]() |
„Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица“ на Ризницата ? |