Историја на Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Албанија

Историја на Албанија

Античка историја

Рана историја
Илири
Илирик

Среден век

Византиска власт
Самоилова власт
Српска власт
Арберска власт
Кралство Албанија
Лешка лига
Венециска власт

Османлиска власт

Независност

Современа Албанија

Кнежевство Албанија
Кралство Албанија
Албанска Република
Италијанска власт
Германска власт
Комунистичка Албанија
Албанија

Портал:Албанија
Поделба на Албанија од 1914 до 1916.

Праисторија[уреди | уреди извор]

Просторот на денешна Албанија бил населен уште од најраните времиња. Најраното население кое се споменува низ историјата е праиндо европската нација, кој го населила поголемиот дел од Средоземјето. Овие племиња многу бргу биле заменети со праеленските племиња, кои постепено ги зазeмале просториите на денешна Грција, Јужна Македонија и Јужна Албанија.

Антички период[уреди | уреди извор]

Илирите, како народ на Балканот се населиле околу 900 п.н.е. Како и во соседните земји, така и кај Илирите започнало да се распаѓа родовското уредување и да се создаваат класи. Се појавиле богати и имотни Илири, но и сиромашни и бедни. Во 7 век п.н.е. Галаур ја создал првата илирска држава и се прогласил за нејзин крал. Тој ги одредил границите, но тие многу често се менувале, бидејќи Илирите многу често војувале со соседите, а особено со Античките Македонци. Најголем подем илирската држава постигнала во 5 век п.н.е., а најпознати владетели на илирската држава биле Грабос, Бардалис, Аргон, Гентиј, како и кралицата Теута. Најчесто престолнина на илирската држава бил градот Скадар. Илирите ја одржувале својата држава сѐ до крајот на 3 век п.н.е. кога Римјаните за да го спречат гусарството на Илирите кои го попречувале слободното одвивање на трговијата на римските морепловци-трговци и во римско-илирските војни 229 п.н.е. - 228 п.н.е. и 219 п.н.е. биле поразени и изгубиле голем дел од територијата која потпаднала под римска власт. Последен илирски крал бил Гентиј којшто дури склучил и сојузништво со последниот македонски крал Персеј, но сепак и двајцата биле поразени од Римјаните.

За време на владеењто на Римското Царство и Византија, во Албанија краткотрајно хуните и визоготите правиле нереди и востанија. Во 6 век на дел од територијата на Албанија се населиле словените, кои воделе меѓусебни војни со месното население.

Ран среден век[уреди | уреди извор]

Од 861 до 1018 година, албанската територија се нашла во составот на Самоуловата држава. По падот на Цар Самоил, Албанија паднала во рацете на Византија.

Османлиско Царство[уреди | уреди извор]

Отоманска Албанија го опфаќа периодот од историјата на денешна Република Албанија кога територијата била во составот на Османлиското Царство. Целата територија под османлиска власт била во периодот од 1481 до 1912 година. По битката на Саврово поле во 1385 година поголемиот дел од албанските владетели станале отомански вазали.

Во текот на 14 век на територијата на денешна Албанија и Епир опстојувале неколку суверени кнежевства на чело на албански аристократи. Овие кнежевства биле создадени по падот на Српското царство и инвазијата на Османлиите кон Балканот.

Албанската земја се наоѓала под владеење на неколку скарани мали кнежевства. Во 1385 година албанскиот началник на Драч апелирал за помош кон османлискиот султан за борба против династија Балшиќ кои ја контролирале Зета. Во битката на Саврово поле Османлиите издвојувале победа над Зета по кое следувало албанските кнежевства да се заколнат кон верност на Османлиското Царство. Ѓирокастро станал главен град на санџакот кој бил формиран во 1419 година. Во 1423 година Мурат II започнал голем воен поход кон Балканот. Во 1431 година паднала Јанина во Епир а во 1449 година тие веќе ги контролирале бреговите од Јонско Море. Албанските благородници имале право да ги задржат своите имоти и позиции како вазали но морале да ги испратат своите синови во турскиот двор како заложници за да се обезбеди османлиската власт над реонот во случај на востание.

Востанието на Скендербег[уреди | уреди извор]

Албанскиот отпор против Османлиите започнал кон средината на 15 век. Јован Кастриот бил еден од албанските аристократи кој претходно се заколнал во верност кон султанот. Тој бил принуден да ги испрати своите четири синови во османлискиот двор каде биле обучени за воена служба. Најмалиот од нив, Ѓорѓија Кастриот (1403-1468) го привлекол вниманието на султанот. Со прифаќањето на исламот тој го добил името Искендер. Тој учествувал во неколку походи во Мала Азија и Европа, па тој бил назначен за администратор на балканските земји и тој од тој период станал познат како Скендербег. Во 1443 година Скендербег доживеал пораз во Битката кај Ниш од страна на Унгарците. По овој пораз Скендербег преку измама испеал да го убеди османлискиот паша и владетел на Кројската тврдина да ја предаде тврдината бидејќи така наредил султанот. Така по зазимањето на тврдината Скендербег го прифатил католицизмот и објавил света војна против Османлиите.

На 2 март 1444 била формирена Лешка лига на чело со Скендербег. Лигата била предводена од Ѓерѓ Кастриот, а по неговата смрт од Лек Дукаѓини. Ѓерѓ ја организирал средбата на албанските благородници од фамилијата Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и водачите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот Леж. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет. Бројот на албанските војници достигнал преку 10.000 луѓе. Главна помош лигата ја добивала од Венеција, Унгарија и папата во Рим. На 14 мај 1449 година започнала опсадата на Светиград која завршила со османлиска победа. Најголема победа на Скендербег се случила во опсадата на Кроја во 1450 година. Во следниот период Скендербег ги зазел градовите Дебар и Охрид. Скендербег починал во 1468 година а на негово место бил поставен Лека Дукаѓини. Лешката лига се одржала до 1479 година кога била принудена да отстапи пред Османлиите.

Османлиско владеење[уреди | уреди извор]

Во историјата на Отоманското Царство 42 големи везири потекнувале од Албанија. Во периодот меѓу 17 и 19 век, од 92 велики везири, 25 имале албанско, а само 19 турско потекло. Пред доаѓањето на Османлиите Албанија била христијанска земја за разлика од денес каде мнозинство се муслимани. Исламизацијата во Албанија најпрво имала чисто формален карактер – поединци прифаќале муслимански имиња и само понекогаш оделе во џамија, а ги задржувале христијанските погледи, дотолку повеќе што не се практикувало подучување на новата вера. Бекташкиот ред во Албанија бил прифатен повеќе од која и да е друга провинција на Османлиското Царство. Најмногу бекташи имало во јужна Албанија, а еден мал број во околина на областа Кроја.

На оваа територија биле формирани :

Албанците масовно се вклучиле во Младотурската револуција а на чело се истакнал Ибрахим Темо. Со надеж дека со враќањето на суспендираниот Устав ќе ги уживаат националните права, тие масовно се приклучиле на револуцијата и биле еден од нејзините главни столбови.

Национално будење и прогласување независност[уреди | уреди извор]

Албанското национално будење го опфаќа периодот од започнувањето на востание за ослободување на земјата во 19 век до 29 јули 1913 година кога била формирана Албанија како независна држава. Во мај 1877 година бил формиран Албански комитет во Јанина а следната година бил формиран Централен комитет за заштита на правата на албанскиот народ. Истата година во градот Призрен била формирана Призренска лига, а по нејзиното распуштање во 1899 година била формирана Пеќска лига.

Кон почетокот на 20 век продолжиле конфликтите за добивање независност на земјата. Последното се одвило во 1912 година и во историјата е познато како Албанско востание по кое бил отворен патот за прогласување независност.

Декларацијата за независност на Албанија била издадена на 28 ноември 1912 година според која била прогласена независноста на Албанија од Османлиското Царство. Независноста се прогласила од Големото народно собрание во Валона, а била потврдена со Лондонскиот договор со којшто била завршена Првата балканска војна во 1913 година.

Независност (1912)[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна, Албанија прогласила независност од Османлиското Царство. Од 1928 година, со земјата управувал Зог I, сè до 1938 година, кога Албанија паднала под влијание на Италија.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Партизани маршираат во Тирана, 29 ноември 1944.

Во времето на Втора светска војна, албанските фашисти ги помагале италијанците во борба против грците и југословените. По војната, власта била заземена од комунистите во ноември 1944 година, под раководство на Енвер Хоџа и Мехуд Шеху. Енвер Хоџа ги расипал односите со Белград, Москва и Кина, воведувајќи ја земјата во изолација прво од страна на т.н. западен блок на САД, Западна Европа и Канада, а подоцна и од источните комунистички земји.

Најнова историја[уреди | уреди извор]

Во 1985 година, по смртта на Хоџа на власт дошол Рамиз Алија кој пробал да бара врски со западот поради големата економска криза во која се наогала земјата. Така, по падот на комунизмот, во 1991 година Албанија станала демократска република.

Од 2009 година, Албанија е членка на НАТО пактот.