Прејди на содржината

Декларација за независност на Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Декларација за независност на Албанија
Создаден28 ноември 1912
Ратификуван28 ноември 1912
МестоВалона (денешна Албанија)
АвторИсмаил Ќемали
Потписници83 делегати
Наменанезависност на Албанскиот вилает од Отоманското Царство

Декларацијата за независност на Албанија (албански: Deklarata e Pavarësisë, Shpallja e Pavarësisë) претставува изјава која била издадена на 28 ноември 1912 година според која била прогласена независноста на Албанија од Османлиското Царство.

Независноста се прогласила од Големото народно собрание во Валона, а била потврдена со Лондонскиот договор со којшто била завршена Првата балканска војна во 1913 година.