Историја на Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Црна Гора

Историја на Црна Гора

Античка историја

Рана историја
Дукла

Среден век
Османлиска власт
Модерна Црна Гора

Кнежевство Црна Гора
Кралство Црна Гора
Прва светска војна
Кралство Југославија
Социјалистичка Република Црна Гора
Сојузна република Југославија
Србија и Црна Гора
Црна Гора

Портал:Црна Гора

Повеќе векови Црна Гора била де факто независно кнежевство владеена од повеќе династии. Републиката се здобива и со де јуре меѓународно признавање на нејзината независност, по Источната Криза (1875 - 1878), на Берлинскиот Конгрес. На 28 август 1910, црногорскиот кнез Никола Петровиќ Његош се прогласува за крал.

Праисторија на Црна Гора[уреди | уреди извор]

Античка Црна Гора[уреди | уреди извор]

Среден век[уреди | уреди извор]

Црна Гора во Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од денешна Црна Гора под османлиска власт бил во периодот од 1498 до 1699 додека крајбрежјето било под венецијанска контрола[1]. Денешна Црна Гора била вклучена во Скадарскиот санџак и Босанскиот санџак додека Горна Зета останала независна. Во 1514 година Османлиите зазеле поголем дел од земјата и бил прогласен посебен црногорски санџак а за прв санџакбег бил избран по наредба на Бајазид II, Скендербег Црнојевиќ кој го прифатили исламот. По неговата смрт црногорскиот санџак бил вклучен во составот на Скадарскиот санџак. И покрај тоа што паднала под османлиска власт, Црна Гора главно поради својата географска положба, задржила одреден степен на самостојност. И покрај специјалната автономија, во текот на 17 век во земјата имало поголем број на бунтови. Во овој период Црна Гора станала теократска држава на чие чело се наоѓале владиките на Црногорската митрополија од династијата Петровиќ-Његош.

Кнежевство Црна Гора[уреди | уреди извор]

Кнежевството Црна Гора било формирано во 1852 година, и опстојувало до 1910 година. Нејзини владетели биле Данило Петровиќ и Никола I Петровиќ. Данило во 1852 година се оженил и ја додал духовната титула кнез. По неговото убиство во 1860 година, на негово место дошол Никола Петровиќ. Следните две години, тој водил неуспешни војни со Османлиското Царство.

Кралство Црна Гора[уреди | уреди извор]

Препис од Меморандумот кој црногорската влада го упатила до претставниците на Силите во Цетиње, по повод арнаутските немири на нејзината граница. (28 март 1911)

Кралството Црна Гора е дел од историјата на Црна Гора, кое било формирано во 1910 година, преку трансформирањето му од Кнежевство Црна Гора. Единствениот нејзин крал бил Никола I Петровиќ. Државата најмногу се проширила во текот на Балканските војни. Црна Гора тогаш ја добила Метохија и реонот околу скадарското езеро. За време на Првата светска војна, Црна Гора била во составот на Антантата. Тогаш, Црна Гора ги добила териториите до Херцег Нови.

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

По Првата светска војна Црна Гора станува дел од Кралството на Срби, хрвати и словенци (од 1928 - Југославија). Кралството Југославија било кралство на Балканот коешто постоело од почетокот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна. Се простирало на териториите на денешните држави: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и најголемиот дел од денешна Словенија и Хрватска.

Во оваа држава биле признати само трите народи додека останатите биле национално обесправени поради што ќе се појави незадоволство.Државата била претежно аграрна земја и ви такви нестабилни политички проблеми а под влијание на октомвриската револуција ќе се појави револуционерно комунистичко движење на чело со КПЈ-комунстичка пајтија на југославија. На првите парламентарни избори за уставотворно собрание најмногу гласови добиле југословенската демократска партија,народната радикална партија и комунистичката партија.Поради огромниот успех на комунистите во 1920 година во државата бил донесен реакционерниот акт - обзнана со кој се забранилча работата на КПЈ.

Востанието од 13 јули[уреди | уреди извор]

СФРЈ[уреди | уреди извор]

Социјалистичка Република Црна Гора било официјално име на Црна Гора во склоп на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. На 7 јули 1963 година Народна Република Црна Гора била применувана во новото име Социјалистичка Република Црна Гора. Во државата српскохрватски јазик бил службен јазик.

СР Југославија[уреди | уреди извор]

Србија и Црна Гора[уреди | уреди извор]

Србија и Црна Гора (или скратено СЦГ) е поранешна федерална држава составена од Србија и Црна Гора настаната во 2003 со преминот на Југославија (остатокот од неа во текот на ’90-те) во лабава конфедерација. Србија и Црна Гора била сместена во западно-централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Република Македонија. Државата се распаѓа на 3 јуни 2006 година како резултат на исходот од референдумот за независност на Црна Гора (објавен на 21 мај 2006).

Република Црна Гора[уреди | уреди извор]

Од 2003 до 2006, составен дел од Србија и Црна Гора. По одржаниот референдум на 21 мај 2006 година и по мнозинското изјаснување за независност, Црна Гора на 3 јуни ја обнови својата независност. Според официјалните податоци вкупно 55,5% од граѓаните со право на глас, гласале за независнот од постоечката државна заедница.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ćorović, Vladimir (1933). Istorija Jugoslavije (српски). Beograd: Narodno Delo. Посетено на 27 April 2011. Год. 1499. припојена је била Црна Гора скадарском санџакату. Али, год. 1514. одвојио је султан поново и поставио јој за управника, као санџак-бега, потурченог Станишу, односно Скендер-бега Црнојевића.