Прејди на содржината

Историја на Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историја на Хрватите, Иван Мештровиќ

Рана историја

[уреди | уреди извор]

Први познати племиња на територијата на денешна Хрватска биле Илирите и Келтите во внатрешноста, како и Хистрите, Либурните, Јаподите и Далматите на јадранскиот брег. Во 4 век п.н.е. на јужен и среден Јадран се создале грчки колонии, а во 1 век п.н.е. територијата постепено станала дел од Римското Царство. Најроманизирани биле Истра и провинцијата Далмација.

Римска ера

[уреди | уреди извор]

Среден век

[уреди | уреди извор]

Словенските Хрвати се населиле во 7 век и 8 век, римски останале само островите, како и градовите во Далмација и Истра. Доселениците набрзо го примиле христијанството, а во Нин уште во 9 век е создадена првата хрватска бискупија. Спорот помеѓу Византија и државата на Франките на Карло Велики завршил со Мирот во Ахен (812 год.), со која далматските градови ги задржала Византија, а другите области ги добиле Франките. На јакнеењето на нивната власт безуспешно се обидел да се протистави кнезот Људевит Посавски (819-822).

Во 9 век Далмација, меѓу Цетина и Велебит, се создало јадрото на хрватската држава , од каде за време на владеењето на домашните кнезови од семејството наследници на кнезот Трпимир (845-864 г.) постепено се проширила на далматските градови (околу 1018-1107 под власта на Венецијанците). Најмоќен меѓу нив бил кнезот Томислав (910-928 год.), кој на Драва го запрел навлегувањето на Унгарците, кој, како византиски сојузник, успешно војувал со Бугарите и во 925 год. се крунисал за крал. По смртта на Звонимир (1075-89 г.) дошло до остри внатрешни судири, што ги искористил унгарскиот крал Коломан со семејството Арпадовиќ и ја освоил цела Хрватска. Во 1102 год. во Биоград се крунисал за хрватски крал, а 1107 год. ги добил и далматинските градови. Оттогаш сè до 1918 г. Хрватска се развила како повеќе или помалку автономна државна творба во составот на унгарската држава, а разликите меѓу Славонија и Хрватска и областа на јужно од Гвозд (Велика Капела) постојано се зголемувале.

Кралство Хрватска

[уреди | уреди извор]

Унија со Унгарија

[уреди | уреди извор]

Отоманска Хрватска

[уреди | уреди извор]

Во 1433 година кралот Сигмунд конечно ја разбрал опасноста од муслиманите. Поради тоа кралот Луксембуршки основал три одбранбени линии и тоа во Хрватска, Славонија и Босна. Во периодот од 1458 до 1490 година со Хрватска и Унгарија владеел кралот Матијаш Корвин кој склучил со босанскиот крал сојуз против Османлиите. Но во летото 1463 година Мехмед II навлегол во Босна и ја зазел. Во есента 1463 година Матијаш направил поход кон Јајце и ослободил неколку градови. По зазимањето на Босна, во втората поливина на 15 век започнале нападите кон Хрватска. Овие напади биле водени од страна на домашни исламизирани бегови. Биле заземени повеќе градови како Почител на Неретва, а во 1482 година паднал Херцег Нови. Никола Илочки бил именуван за крал на Босна, но Матијаш Корвин во 1480 стигнал дури до Сараево.

Периодот од 1493 до 1593 година во историјата е познат како Стогодишна османлиско-хрватска војна. Во 1493 година се одвила Битката на Крбавско поле каде Османлиите издвојувале победа. На хрватскиот собор од 1494 година била побарана помош од германскиот цар Максимилијан I и папа Александар VI. Помошта која стигнала била недоволна, но војната продолжила посебно кога за хрватски бан бил ставен Петар Бериславиќ. Тој во 1513 година со помош на папата издвоил победа кај Дубица, Јајце а во 1519 година папа Лав X му ја дал титулата спасител на христијанството. Банот загинал во 1520 година.

Во периодот од 1522 до 1566 година владеел Сулејман I, време кога Хрватска и Унгарија доживеале најголеми порази. Претходно во 1521 година паднал Белград, кој бил нарекуван златен клуч на Унгарија. Во 1522 година кнезот Бернадрин Франкопан Озалски во Нирнберг побарал германска помош, а неговиот син во 1525 година за последен пат успеал да го спаси Јајце. По ова следувало навлегување на османлиските војски во Босна преку Вуковар и Осиек. По ова дошла Мохачката битка каде Унгарија била катастрофално поразена. Во Мохачката битка починал последниот унгарски крал, а на Хабсбуршката династија претходно и била ветувана оваа круна. Хабсбуршката династија била единствената која можела да создаде одбранбена линија против Османлиите. Во 1527 година на Цетинскиот собор Хрватите за свој крал го избрале Фердинанд I од Австрија. За возврат Австрија требала да помогне околу одбраната на Хрватска од муслиманскиот напад. Но дел од славонските семејства и унгарските семејства за крал го признавале само Иван Заполја. Поради ова во земјата избила граѓанска војна која траела до 1540 година кога починал унгарскиот крал. Во текот на овој конфликт, Османлиите го зазеле градот Јајце во 1528 година, а во 1532 година главната армија заминала кон Виена. По ова во 1536 година паднал градот Пожега во Славонија, во 1537 Клис во Далмација.

Хабсбуршка Хрватска

[уреди | уреди извор]

Хрватска во составот на Хабсбуршката монархија ја сочувала својата автономија но во меѓусебните војни со Османлиите Хрватска изгубила голем дел од своите територии како јужна Далмација. Од друга страна Венецијанската Република ги зазела Сплит, Задар а како слободен бил градот Дубровник и тоа до 1526 година кога морал да ја признае османлиската власт и да плаќа данок. Во составот на австриските сили, на територијата на Хрватска била формирена одбранбена линија према Босна која се викала Воена краина. Во поробените хрватски земји, голем дел од населението било продавано како робови на исток, а голем дел од Хрватите побегнале кон Австрија, Унгарија, Италија и Чешка, па и денеска во овие земји живеат потомци на овие бегалци. Во тој период Хрватска изгубила половина од своето населени.

По поразот на Турците крај Сисак започнала долгогодишната војна меѓу Хабсбурговците и Отоманското Царство. Таа завршила во 1606 година и на Хрватите биле вратени дел од загубените територии. Во 1618 година започнала нова 30-годишна војна. Во неа учествувале браќата Зрински, тогаш највлијателните хрватски аристократи. Во 1664 војската на Хабсбурговците издвојувала победа во Битката кај Сентготард, но царот на Светото Римско Царство Леополд I (1657-1705) не ја искористил победата и склучил неповолен мировен договор според кој на Османлиите припаднале дел од хрватските и унгарските територии. Хрватите и Унгарците не се согласиле со условите на овој договор по кое организирале востание на чело со Никола Зрински. Бунтовниците преговарале со францускиот крал Луј XIV кој бил во конфликт со виенскиот двор, поради европската политика. Преговорите немале резултат, а на 18 ноември 1664 година Никола Зрински починал. Неговото место го зазел помладиот брат Петар Зрински кој продолжил со борбата за правата на Хрватите заедно со Фран Крсто Франкопан и унгарските благородници. Меѓутоа Унијата со Унгарците се распаднала во 1667 година по смртта на нивниот водач. Набргу потоа преку измама биле заробени Петар Зрински и Фран Крсто Франкопан, како и унгарските водачи на бунтот. На 30 април 1671 година Зрински и Франкопан биле погубени и закопани тајно. По ова следувало разграбување на нивниот имот. Гробовите на Зрински и Франкопан биле пронајдени дури во 1907 година, а во 1919 година посмртните останки биле пренесени во Загреб.

Во 1683 година Османлиите за последен пат ја ставиле под опсада Виена, но претрпиле пораз. Охрабрени од тоа, Хрватите започнале војна за ослободување. Во текот на следните 15 години биле ослободени цела Славонија, Бановина, Лика и др. Во 1699 година Османлиите биле принудени да потпишат мировен договор со Хабсбуршката монархија и да се повлечат целосно од Унгарија и голем дел од хрватските територии.

Кралство Југославија

[уреди | уреди извор]

Социјалистичка Хрватска

[уреди | уреди извор]

Независна Хрватска

[уреди | уреди извор]

Во втората половина на XX век претставува Република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Хрватска е кандидат за членство во Европската Унија и е член на НАТО.