Историја на Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пред населувањето на скандинавците, Данска била населена со Келтите. Најстарото данско писмо потекнува од околу 7 век кога настанала и нова рунска азбука. Најстариот град Риба, датира од 810 година. Сè до 11 век, Данците биле познати како Викинзи заедно со Норвежаните и Шведите, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму Викинзите се оние кои за првпат пристигнале до Америка и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку Скандинавија до Исланд преку Гренланд до Америка. Во различно време, Данска владееле со големи делови на Англија и Ирска, Норвешка, Шведска, Финска, Исланд и Франција, делови од Нормандија и Девичанските острови, делови од Балтичкото Море и денешна Германија. Сојузот со норвешка бил раскинат во 1814 година кога Норвешка влегла во сојуз со Шведска во 1905 година.

На 5 јуни 1849 година Данска станала уставна монархија. По Втората Шлесвишка војна од 1864 година, каде била принудена да и ја отстапи покраината Шлезвиг на Прусија, во Данска била прогласена политичка неутралност поради кое во текот на Првата светска војна не учествувала. По војната и поразот на Германија, на Данска и било понудено враќање на Шлезвиг-Холштајн, но таа тоа го одбила. Во 1920 година оваа покраина и бил вратен на Данска. Во текот на Втората светска војна, и покрај неутралноста таа била нападната од Германија во 1940 година и окупирана. По војната таа била една од основачите на НАТО а во 1973 година се приклучила кон Еврпската економска заедница подоцна наречена Европска унија.

Хронологија[уреди | уреди извор]

  • 3000 п.н.е. — 1500 п.н.е. — неолит, развој на земјоделствотоземеделие.
  • 1500 п.н.е. — 400 п.н.е. — бронзено доба, развој на трговијата.
  • 400 п.н.е. — 400 п.н.е.— почеток на железно доба.
  • 450 преселување на англи|англите на островот Британија.
  • 500 — преселување на дани|даните на полуостров Јитландија, и асимилација на неговото месно население
  • 800 — преоѓање кон феудализам
  • 826 — прва христијанска мисија во Данска.
  • 850 — завладување со Североисточна Англија.
  • 900 — завпјување на Северна Франција заедно со номади|номадите.
  • 950 — умира првиот крал на Данска, Хорм Стари.
  • 950—985 — кралот на Данска, Харалд I во кралството ги вклучил Јитландија, јужна Скандинавија и неколку острови
  • 960 — примање на христијанството како официјална религија.
  • 1018—1035 — крал Кнуд Велики, за кратко време ги обединил Данска, Англија и Норвешка.
  • 1086 — востание, убиство на кралот Свети Кнуд IV .
  • 1157—1182 — крал Валдемар I Велики.
  • 1180—1181 — антифеудално востание во Сконе.
  • 1182—1202 — крал Кнуд VI.
  • 1202—1241 — крал Валдемар II.
  • 1219 — завладување на Северна Естонија.
  • 1227 — пораз во Битката кај Борнхеовед кое довело до загуба на територии населени со германи и словени
  • 1282 — феудалците го принудиле крал Ерик V да потпише документ според кој му биле ограничени неговите права
  • 1320 — пораз на кралските војски, ликвидација на кралската власт.
  • 1340 —1375 — крал Валдемар IV Аттердаг.
  • 1346 — пораз и загуба на Северна Естонија.
  • 1367 — 1370 — Данско-ханзска војна, пораз на Данска.
  • 1380 — унија на Данска со Норвешка.
  • 1397 — основан Калмарскиот сојуз. Данска, Шведска заедно со Финска, Норвешка заедно со Исланд.
  • 1448—1481 — владеење на крал Кристијан I.
  • 15 век —16 век власта била раководена од страна на Кралскиот совет
  • 1523 поништена унијата со Шведска
  • 1600 прогласување на апсолутна монархија.
  • 1814 Норвешка излегла од унијата.
  • 1944 Исланд излегол од унијата.