Историја на Сан Марино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Сан Марино

Историја на Сан Марино

Античка историја

Рана историја

Среден век

Француска власт
Кралство Италија

Модерен Сан Марино

Прва светска војна
Втората светска војна
Сан Марино

Портал:Сан Марино

Според традиционалното верување, Свети Марин го напуштил островот Раб во Хрватска и со неговиот пријател Лео тргнале за Римини како масони. По неговите прогоните поради неговите христијански верувања, тој побегнал во близина на планината Титано, каде изградил мала црква и го основал денешниот град и држава Сан Марино. Официјалното основање на градот и државата е на 3 септември 301 година.

До средината на 5 век се создала мала заедница и поради недостапноста на местото и сиромаштијата, независноста успеала со мал број обиди за поништивање на истата. Во 1631 година независноста на Сан Марино била призната од Папството.

За време на раната фаза на италинаското обединување во 19 век, Сан Марино служел како место за бегалци кои биле протерувани поради нивните залагања за обединување на Италија. Така, Џузепе Гарибалди ја прифатил желбата на Сан Марино да не биде дел од обединета Италија. Исто така, Наполеон Бонапарт одбил да го преземе Сан Марино, и кога го прашувале за тоа тој одговарал: „Зошто? Затоа што тоа е модел на република.“

Владата на Сан Марино го прогласил американскиот претседател Абрахам Линколн за почесен граѓанин на Сан Марино[1].

За време на Првата светска војна, кога Италија ѝ објавила војна на Австроунгарија, и Сан Марино го направил тоа на 3 јуни 1915 година[2].

За време на Втората светска војна, почетнички Сан Марино објавил војна на Британија[3]. Подоцна кога Италија го опколила Сан Марино, Сан Марно прогласил неутралност, но на 21 септември 1944 Сан Марино објавил војна на Германија[4] .

Сè до 1968 кога Науру прогласи независност Сан Марино беше најмалата држава во светот. Сан Марино е член на Советот на Европа но не е член на Европската Унија.

Сан Марино е најстарата независна држава и уставна република. Уставот на Сан Марино е од 1600 година и сè уште е функционален. Воедно тој е и најстар устав во светот[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Irving Wallace, The Book of Lists 3
  2. First World War.com - Feature Articles - Who Declared War and When
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-08-10. Посетено на 2009-07-12.
  4. [1]