Историја на Норвешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата Норвешка

Историја на Норвешка

Стар век

Рана историја
Викинзи

Среден век

Калмарски сојуз
Данска-Норвешка
Триесетгодишна војна
Сконска војна
Големите северни војни
Шведска-Норвешка

Модерна Норвешка

Прва Светска војна
Втора Светска војна
Норвешка

Портал:Норвешка

Според археолошките ископувања. се претпоставува дека Норвешка била населена уште пред околу 12 000 години. Тамошното население се населило на овие простори или од Северна Германија или од Северна Финска и Русија. Норвешките традиции биле променети во текот на 9 век.

Во текот на 9 век, Норвешка претставувала множество од мали кралства. Се смета дека Харолд бил оној којшто ги соединил сите мали кралства во 872 година по Битката кај Хаферсерд. Тој имено станал и првиот крал на Норвешка. За време на викинската епоха од 8 век, норвежаните го населиле Исланд, Гренланд и дел од островите на Велика Британија. Тие ги основале и денешните ирски градови Лимерик, Даблин и Вотерфорд создавајќи трговска линија преку Корк и Даблин. Овие града подоцна станале најважните и најразвиените града во Ирска. Распространувањето на христијанството во Норвешка станало пред сè благодарение на Олав Тригвасон и Свети Олав, и покрај тоа што Хокон Добриот бил првиот христијански крал на Норвешка. Со примањето на христијанството, долгите традиции на норвешкото општество се измениле.

Во 1349 година, се појавила епидемија на тие простори која предизвикала смрт на околу 50% од населението на Норвешка. Ова довело и до огромно забавување на развојот на Норвешка во економски и политички план. Во времето на Кралица Маргарет I, Норвешка влегла во т.н. Калмарски сојуз со Данска и Шведска. И покрај тоа што Шведска во 1523 година го напуштила сојузот, Норвешка останала во сојузот цели 434 години, сè до 1387 година. Во текот на националниот романтизам, целата кралска, интелектуална и административна власт била сместена во Копенхаген, Данска. Ова била една од причините за слабеењето на Норвешка. Во 1537 година се појавило протестанството. Архиепископот во Трохејм бил прогонет и приходите на црквата биле испраќани во Данска. Во тој период, Норвешка изгубила многу верници како и провинциите Бахуслен и Јемтленд по војната со Данска и Шведска. Тие територии биле вклучени во составот на Шведска.

По нападот на Велика Британија, државата во сојуз со Данска создала нов сојуз со силите на Наполеон Бонапарт. Кралот Овденбург бил принуден да абдицира и да го презеде престолот во Шведска. Провинциите Исланд и Гренланд останале под власта на Данска. Веднаш по ова, Норвешка ја објавила својата независност. Данскиот крал Кристијан Фредерик бил избран за крал на 17 мај 1814 година. Шведска од друга страна ја принудила на Норвешка династијата Бернадот да управува со Норвешка. Како замена на тоа, Норвешка ја зачувала својата демократска власт со независни институции.

Кристијан Микаелсен станал премиер на Норвешка во 1905 година. Тој има голема улога во историјата на Норвешка поради мирниот начин на отстранување на Норвешка од Шведска на 7 јуни 1905 година. Големото незадоволство од месното население била главната причина поради кој бил напуштен сојузот со Шведска. Веднаш по напуштањето на сојузот, бил објавен Референдум според кој норвешкиот народ ја претпочитале монархијата пред републиката. Така, норвешката власт го предложил данскиот принц Карл за крал на Норвешка. Тој го зел името Хокон VII. Во негово време бил даден правото на глас на сите мажи, а по 1913 година и на сите жени.

Во текот на Првата светска војна, Норвешка останала неутрална. Државата се стремила да ја задржи својата независност и во Втората светска војна. Таа била нападната од страна на Нацистичка Германија на 9 април 1940 година. Норвешка не била подготвена за војна, но сепак пружила отпор на Германија во следните два месеци. Освен СССР, ниту една друга држава во Европа за време на втората светска војна не успеала да и пружи отпор на Нацистичка Германија. По војната, власта била земена од страна на социјалдемократите. Во 1949 година, Норвешка се приклучила кон НАТО.