Историја на Монако

Од Википедија — слободната енциклопедија

Името на денешното кнежевство Монако произлегува уште од грчкото доселување на овие простори во околу 1000 п.н.е. Во чест на Херакле бил изграден храм кој по кој подоцна оваа област била наречена Монако. На просториите на денешен Монако живееле многу народи, земјата била на неколкупати освојувана од најразлични императори и владетели. Во 43 п.н.е. Гај Јулиј Цезар Монако го вклучил во составот на Римското Царство. Значајна улога во историјата на Монако одиграла династијата Грималди која владеела од 1295 до 1509 година, кога Монако паднал под француска власт. По падот на Француското Царство, Монако повторно бил вратен на династијата. Подоцна, по Виенскиот конгрес Монако бил под управа на Италија, а подоцна повторно вратен на Франција.