Историја на Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Белорусија

Историја на Белорусија

Coat of arms of Belarus (official).svg
Античка историја

Рана историја
Источни Словени
Кнежевство Полотск
Киевска Русија
Големо Кнежевство Литванија
Полско-литванска Државна Заедница
Руска власт
Белоруска Народна Република
Социјалистичка Белорусија
Западна Белорусија
Белоруска ССР
Белорусија

Портал:Белорусија


Од крајот на бронзеното доба поголем дел од територијата на денешна Белорусија била населена со Балтијци. Кон крајот на 9 век и почетокот на 10 век, оваа територија започнале да ја населуваат Словени.

Се смета дека првата држава на територијата на сегашна Белорусија била Полоцката. Градот Полоцк првпат се споменува во „Повестите на минатото„ од 862 година. Полоцкото кнежевство достигнало најголем подем и најголема моќ за време на владеењето на кнезот Усјаслау Брачиславич (10441101). Од 10 век до 13 век на територијата на Белорусија се наоѓале и Туравското кнежевство, Смоленското кнежевство, Граѕенското Кнежевство. Следни големи држави на белоруската територија било и Големото Кнежевство Литванија, како и Рутенското и Жамојцкото. Главен центар на ова кнежевство Новогородок.

За време на Првата светска војна, Белорусија се наоѓала под германска окупација. Својата прва независност, Белорусија ја прогласила на 25 март 1918 година. Но по окупацијата на Црвената армија, на 1 јануари 1919 година била прогласена Советска Социјалистичка Република Белорусија. Во времето на Втората светска војна, Белорусија повторно била окупирана од страна на Нацистичка Германија. Германците се задржиле на власт сè до 1945 година. По војната, таа повторно останала во составот на СССР.

Својата независност Белорусија прогласила од СССР на 27 јули 1990 година, а меѓународно признаена на 25 август 1991 година.