Портал:Албанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди  

А Л Б А Н И Ј А

Албанcко знаме

(знаме)

Албанскиот грб

(грб)

Албанија (алб. Shqipëria кое во слободен превод значи «Земја на орлите»; shqiponja = орел) е Медитеранска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Србија на север и североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата е демократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70 % од населението се муслимани, 20 % се православни христијани и 10 % се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права.

уреди  

Избрана статија

Грбот на Општина Пустец (Мала Преспа)

Мала Преспа (или: Долна Преспа) е географска област во Република Албанија, покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во општина. Селото Пустец е најголемата населба, а истовремено и седиште на општината. Градоначалник на општината е г-дин. Едмонд Темелко, етнички Македонец кој со големо мнозинство од гласовите победи на локалните избори одржани на 18.2.2007. Сите членови на советот на општината се етнички Македонци.

Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.

Македонците од Мала Преспа се признати како македонско национално малцинство, и како такво тоа има право на образование на македонски јазик. Македонскиот јазик се користи и во општинската администрација (види го грбот) и културата. Општината има позитивна демографска слика, и во многуте македонски семејства и домаќинства е карактеристична големата бројка на деца и младо население (по 5,6 и повеќе деца). Помал дел од Македонците од Мала Преспа од 1991 година живеат во одморалиштето «Царина» во Република Македонија (во близина на албанската граница), а голем дел од населението на Мала Преспа има македонски државјанства.

уреди  

Избрана слика

Берат

Берат (албански: Berat или Berati; македонски: Белград, турски: Belgrad) е град во јужно-централна Албанија и центар на истоимената околија. Според податоците од 2003 г. во него живеат околу 45.500 жители.


уреди  

Категории

уреди  

Што можеш да направиш

Доколку се одлучите да напишете некоја статија поврзана со Албанија, во случај да сметате дека истата не е потполна, ставете го шаблонот {{Албанија-никулец}} на крајот на текстот. Доколку постои шаблон поврзан со темата што ја пишувате, искористете го него.

уреди  

Други портали

Албанија • Босна и Херцеговина • Бугарија • Грција • Косово • Македонија • Молдавија • Романија • Словенија • Србија • Хрватска • Црна Гора • Турција