Портал:Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Категории | Прашања | Уметност | Биографија | Култура | Географија | Историја | Математика | Философија | Наука | Општество | Технологија
уреди   

Портал Словенија

Flag of Slovenia
Coat of Arms of Slovenia
Location of Slovenia

Република Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Словенија е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североисток и Австрија на север.

Словенија била дел од поранешна Југославија од 1945 до 1991, кога се изборила за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави. Главен град на државата е Љубљана. Словенија има вкупно 2.053.488 жители, а површина од 20.273 km². На Словенија припаѓа и многу мал дел од Јадранското крајбрежје во должина од 47 km. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја. (Дознајте повеќе...)

уреди   

Избрана слика

Јулијски Алпи
Поглед кон Јулиските Алпи во Словенија.


уреди   

Категории


уреди   

Избрана статија

Ljubljana.jpg

Љубљана (словенечки: Ljubljana, германски: Laibach) е главен град на Словенија сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.

Сообраќајните врски, сконцентрираната на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија. (Дознај повеќе...)


уреди   

Мрежни места


уреди   

Поврзани проекти


уреди   

Поврзани портали