Прејди на содржината

Портал:Босна и Херцеговина

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

Добре дојдовте на порталот за Босна и Херцеговина
Dobro došli na portal o Bosni i Hercegovini

Flag of Bosnia and Herzegovina
Flag of Bosnia and Herzegovina
The coat of arms of Bosnia and Herzegovina.
The coat of arms of Bosnia and Herzegovina.
Location of Bosnia and Herzegovina on the map of Europe.

Босна и Херцеговина или скратено БиХ е држава во југоисточниот дел на Европа, сместена на западниот дел од Балканскиот Полуостров. На север, запад и југозапад граничи со Хрватска, а на исток со Србија. На југоисток граничи со Црна Гора. Главен град е Сараево. Независност БиХ прогласува со референдумот кој се одржал во 1992 година. Според пописот од 2006 година, населението на БиХ изнесдува 4 498 976. Порано беше една од федералните единици на Југославија. Босна и Херцеговина се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, на западниот дел од Балканот. Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 км2. Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 km, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 km и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 km. Босна и Херцеговина излегува на Јадранското Море. Самата држава се состои од две географки и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42.000 км2, и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други. (Дознајте повеќе...)


уреди   

Избрана статија

Државната химна на Босна и Херцеговина (босански, хрватски и српски:Državna himna Bosne i Hercegovine) е државната химна на Босна и Херцеговина која понекогаш се нарекува и Интермецо, оригиналниот назив на химната. Химната била усвоена на 25 јули 1999. Оваа химна ја заменила претходната химна Една си единствена, кога биле заменети и грбот и знамето на државата. Текстот и музиката се напишани од Душан Шестиќ. Текстот на химната сè уште треба да се одобрат од страна на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Собранието на Босна и Херцеговина и Претставничкиот дом на Босна и Херцеговина. (Дознајте повеќе...)


уреди   

Избрана слика

Панорама на стариот дел од градот Мостар. Мостарскиот Мост е еден од симболите на градот и најпознато туристичко место во Херцеговина.


уреди   

Дали сте знаеле...

Visoko
Visoko
  • ... дека според археолошките истражувања се докажало дека Високо (на сликата) бил центар на средновековната босанска држава?
  • ... дека пилотиѕе на НАТО пролетале над 100.000 пати над Босна и Херцеговина за време на операцијата во Република Српска?
  • ... дека лингвистот Асим Пецо е екперт за јазикот во источна Херцеговина?

  • уреди   

    Градови во Босна и Херцеговина



    уреди   

    Избрана биографија

    Здравко Чолиќ (српски: Здравко Чолић, босански: Zdravko Čolić) (роден 30 мај, 1951 во Сараево, Југославија) е босанско-српски поп-пејач, популарен ширум цела бивша Југославија. Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.

    Чолиќ бил претставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приђеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија. (Дознајте повеќе...)



    уреди   

    Категории


    уреди   

    Мрежни места