Завидовиќи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Завидовиќи
Завидовићи
Општина и град
Улица „Алија Изетбеговиќ“
Улица „Алија Изетбеговиќ“
Местоположба на градот
Местоположба на градот
Завидовиќи is located in Bosnia and Herzegovina
Завидовиќи
Завидовиќи
Местоположба на градот
Координати: 44°27′N 18°09′E / 44.450° СГШ; 18.150° ИГД / 44.450; 18.150
Земја Босна и Херцеговина
EntityФедерација Босна и Херцеговина
КантонЗеничко-добојски кантон
Управа
 • ГрадоначалникСуад Омеровиќ
Површина
 • Вкупна590,3 км2 (2,279 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно40.272
 • Густина68/км2 (180/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+387 32
Мреж. местоhttp://www.zavidovici.ba

Завидовиќи — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Зеничко-добојскиот кантон. Завидовиќи се наоѓа во помеѓу Добој и Зеница Според податоците од пописот во 2013 година, Завидовиќи има 9.217 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Завидовиќи бил развиен од страна на Австријците во текот на 19 век, во времето кога градот бил под контрола на Австроунгарија. Градот се развил благодарение на експлоатацијата на бројните шумски реони околу градот. По Втората светска војна, Криваја, компанија која била основана во 1884 година и именувана по реката Криваја, била проширена. Компанијата се фокусирала на производство на мебел, која започнала да извезува во САД под името „Krivaja Beechbrook“. Поради војната во Босна во 1990-тите години, фабриката пропаднала.

Иако некогаш во Завидовиќи живееле повеќе етнички групи, поголемиот дел од српските и хрватските жители биле протерани од нивните домови од страна на муслиманските сили за време на Босанската војна. Малкумина се вратиле во нивните имоти.

Население[уреди | уреди извор]

Националност 1991 1981 1971
[[Муслимани}} 34.198 (59,82%) 29.289 (56,47%) 24.803 (56,34%)
Срби 11.640 (20,36%) 11.202 (21,60%) 11.031 (25,06%)
Хрвати 7.576 (13,25%) 7.451 (14,36%) 7.457 (16,94%)
Југословени 2.726 (4,76%) 3.088 (5,95%) 353 (0,80%)
Останати 1.024 (1,79%) 831 (1,60%) 374 (0,84%)
Вкупно 57.164 51.861 44.018

Надворешни врски[уреди | уреди извор]