Криваја (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влевањето на реката Криваја (десно) во реката Босна

Криваја е река во централна Босна и Херцеговина и целиот свој ток го минува низ Зеничко-Добојскиот кантон.

Реката Криваја не извира, туку настанува со вкрстување на реките Биоштица и Ступчаница во градот Олово. Минува низ мали места како Куниста, Возуча, Брезик и Ковачи и својот ток го завршува по околу 70 километри влевање во реката Босна како нејзина десна притока во градот Завидовиќи. Позната е по пролетниот меѓународен рафтинг, чистотата и богатството со риба. Сливот на реката Криваја бил опфатен во Криваја (жупа)жупанијата Криваја во средниот век.

Icon river tributary L.svg Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!