Тешањ
Тешањ Tešanj | ||
---|---|---|
Местоположба на градот | ||
Местоположба на градот | ||
Координати: 44°36′51.5″N 17°59′22.1″E / 44.614306° СГШ; 17.989472° ИГД | ||
Земја | Босна и Херцеговина | |
Entity | Федерација Босна и Херцеговина | |
Кантон | Зеничко-добојски кантон | |
Управа | ||
• Општина president | Суад Хускиќ | |
Површина | ||
• Вкупна | 155,9 км2 (60,2 ми2) | |
Население (2013) | ||
• Вкупно | 46.135 | |
• Густина | 296/км2 (770/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Повик. бр. | +387 32 | |
Мреж. место | http://www.opcina-tesanj.ba |
Тешањ — град и општина во северниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Зеничко-добојскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Тешањ има 5.531 жител.
Историја
[уреди | уреди извор]Сегашното име на градот за првпат се споменува во 1461 во повелбата на кралот Стефан Томашевиќ до неговиот чичко Радивој Остојиќ.
Во периодот од втората половина на 15 век и првата половина на 16 век, историјата на Тешањ била прилично хаотична. Босна била на местото каде најчесто била границата помеѓу Отоманското Царство и Унгарското Царство. Поради тоа, регионот често бил освојуван од двете страни.
Од 1512 година Тешањ билбил вклучен во територијата на Отоманското Царство за неколку векови. Со доаѓањето на Османлиите во Босна во 15 век, голем дел од месното население го прифатил исламот. Во времето на Гази Ферхад-паша, градот доживеал економски развој и била изградена Ферхадиевата џамија (1563), која сѐ уште се наоѓа во стариот дел на градот. Гази Ферхад-бег починал во 1568 и бил погребан во дворот на џамијата.
Периодот на австриската окупација донесел прозападно уредување на градот. Во текот на овој период биле изградени градски патишта, зградата на општината, училишта, аптеки и болници. Во овој период бил отворен и првиот хотел во градот.
Од 1929 до 1941 година, Тешањ бил дел од Врбаска бановина на Кралството Југославија.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Чаршиска џамија
- Старата куќа на семејството Еминагиќ. Таа е најстарата куќа во Тешањ и се смета дека била изградена на крајот на 17 век.
- Тешањската тврдина. Во стариот дел на градот се наоѓа Тешањската тврдина, која била центар на економскиот и културниот живот на Тешањ. Во центарот на градот била развиена трговијата во текот на XVII и XVIII век, кога имало 40 продавници.
- Саат-кула. Таа била изградена во 17 век. Од вкупно 21 кули кои биле изградени во Босна и Херцеговина, оваа кула е една од четирите кои сѐ уштепостојат. Таа е висока 18,5 метри.
- Гробот на поетот Муса Ќазим Чатиќ. Се наоѓа на гробиштата „Објешеница“ во центарот на градот. И покрај тоа што тој е роден во Оџак во 1880 година, тој целиот свој живот го посветил на градот Тешањ, каде што починал во 1915 година.
- Католичка црква на Св. Петар и Павле
Население
[уреди | уреди извор]Ethnic Composition | |||||||||||||
Година | Срби | % | Бошњаци | % | Хрвати | % | Југословени | % | Останати | % | Вкупно | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1961 | 3,464 | 11.87% | 18,270 | 62.61% | 6,332 | 21.70% | 1,003 | 3.44% | 113 | 0.39% | 29,182 | ||
1971 | 2,692 | 7.76% | 24,208 | 69.78% | 7,603 | 21.92% | 39 | 0.11% | 151 | 0.44% | 34,693 | ||
1981 | 3,152 | 7.21% | 30,653 | 70.16% | 8,548 | 19.56% | 1,012 | 2.32% | 327 | 0.75% | 43,692 | ||
1991 | 3,078 | 6.36% | 34,938 | 72.20% | 8,952 | 18.50% | 1,038 | 2.15% | 384 | 0.79% | 48,390 | ||