Ливно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ливно
Livno
Град и општина
Знаме на ЛивноГрб на Ливно
Карта на градот

Карта на градот
Ливно is located in Bosnia and Herzegovina
Ливно
Ливно
Местоположба на градот
Координати: 43°49′31″N 17°00′21″E / 43.82528° СГШ; 17.00583° ИГД / 43.82528; 17.00583Координати: 43°49′31″N 17°00′21″E / 43.82528° СГШ; 17.00583° ИГД / 43.82528; 17.00583
Земја Босна и Херцеговина
EntityФедерација Босна и Херцеговина
КантонХерцегбосански кантон
Прво споменување28 септември 892
Управа
 • ГрадоначалникЛука Челан
Површина
 • Општина994 км2 (384 ми2)
Надм. вис.&10000000000000724000000724 м
Население (2013)
 • Вкупно37.487
 • Густина38/км2 (100/ми2)
 • Град9.045
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код80101
Телефонски повик34
Мреж. местоlivno.ba

Ливно — град и општина во централниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Херцегбосанскиот кантон. Според податоците од пописот во 2013 година, Ливно има 9.045 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Рамнините на Ливно биле населени во околу 2.000 година п.н.е. Кон крајот на бронзеното време регионот бил населен од страна на повеќе индоевропски племиња познати како Илири. Регионот бил населен со илирското племе Далмати. Најважните остатоци кои биле откриени по должината на Ливно Поле се илирските населби. Трите најважни се Велика Градина, Мала Градина и Касалов Градац[1].

По римското освојување на оваа област регионот бил вклучен во составот на провинцијата Далмација. Во текот на дваесеттите години од првиот век од новата ера, римската власт изградила пат за поврзување со Салона.

Ливно како датум за своето основање го слави 28 септември 892 година, кога се наоѓал во составот на Кралство Хрватска. Од 1199 до 1326 година реонот бил дел од Захумлие, додека од 1326 до 1463 од Босанско Кралство. На почетокот од 15 век Босна била освоена од Османлиското Царство. Во текот на овој период започнала изградбата на градот. Џамијата Хаџи-Ахмед Дукат Минтер била изградена во почетокот на османлиското владеење. Во градот се наоѓаат и градби од познатиот османлиски архитект Мимар Синан, денеска во стариот дел.

Во 1878 година Ливно бил окупиран од Австроунгарија. Од 1918 станал дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1929 година кралството било преименувано во Кралство Југославија и поделено во девет бановини. Ливно спаѓал во Западна Бановина, со центар во градот Сплит.

Од 1941-1945, Ливно беше дел од Независна Држава Хрватска. Хрватскиот писател Иван Горан Ковачиќ како партизан својата поема „Јама“ ја напишал додека престојувал во градот. По крајот на Втората светска војна, Ливно станал дел од Социјалистичка Република Босна и Херцеговина, како дел од СФРЈ, а по распаѓањето станал дел од Федерација Босна и Херцеговина.

Географија[уреди | уреди извор]

Ливно е 96 километри оддалечен од Сплит, 127 километри од Мостар, 167 километри од Бања Лука и 212 километри од Сараево. Општината зафаќа површина од 994 км2. Ливно претставува културен и индустриски центар на кантонот, како најголем град во Херцегбосанскиот кантон. Градот се наоѓа на надморска височина од 730 метри.

Низ градот Ливно тече реката Бистрица.

Население[уреди | уреди извор]

Година
Хрвати
%
Бошњаци
%
Срби
%
Останати
%
Вкупно
±%
Наводи.
1879 1,425 31 2,394 52 778 17 0 0 4,597
[2]
1948
29,647
80.86
4,452
12.14
2,565
7.00
36,664
[3]
1953
30,603
78.98
5,204
13.43
2,942
7.59
38,749
+5.7%
[4]
1961
31,133
77.27
2,068
5.13
5,503
13.66
1,587
3.94
40,291
+4.0%
[5]
1971
31,567
74.83
5,087
12.06
4,791
11.36
741
1.76
42,186
+4.7%
[6]
1981
28,918
71.51
4,418
10.93
3,898
9.64
3,204
7.92
40,438
−4.1%
[7]
1991
29,324
72.23
5,793
14.27
3,913
9.64
1,570
3.87
40,600
+0.4%
[8]
2013
29,273
85.76
4,047
11.86
438
1.28
375
1.09
34,133
−15.9%
[9]

Клима[уреди | уреди извор]

Ливно има стабилна континентална клима со студени зими и топли лета. Градот се наоѓа помеѓу планините Цинцар и Камесница кои ја прават климата повеќе од континентална. Зимите во тој дел од земјата не се студени како во Ливно. Климата во оваа област има благи разлики помеѓу врвовите и падините.

Населени места[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Троглав Ливно кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ФК Троглав Ливно своите домашни натпревари ги игра на стадионот Згона кој има капацитет од 2.000 гледачи. Клубот бил основан во 1918 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Povijest Livna“. livno.ba. Municipality of Livno. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 December 2015.
  2. 1879 Glavni pregled političkoga razdielenja Bosne i Hercegovine
  3. 1948 census.
  4. 1953 census.
  5. 1961 census.
  6. 1971 census.
  7. 1981 census.
  8. 1991 census.
  9. 2013 census.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]