Иван Горан Ковачиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иван Горан Ковачиќ
Ivan Goran Kovačić.jpg
Иван Горан Ковачиќ
Роден Иван Ковачиќ
21 март 1913(1913-03-21)
Луковдол, Кралство на Хрватска-Славонија, Австро-Унгарија
Починал 13 јули 1943(1943-07-13) (воз. 30 г.)
Врбица, Независна Држава Хрватска
Псевдоним Горан
Занимање Писател, Поет, Учесник во НОБ
Националност Хрват
Жанр Поет
Значајни дела Јама (The Pit)

Иван Горан Ковачиќ ( 21 март 1913,Луковдол - 13 јули 1943, Фоча) е хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.(Луковдол, од татко Хрват Иван и мајка Еврејка Ружа (моминско Клајн)[1]. Основно училиште завршил во родното место, а подоцна се школувал во Карловац и Загреб. Во Босна, бил стрелан од страна на четниците кај селото Врбница, во близина на Фоча. Автор е на поемата Јама.

Уште како гимназијалец И. Г. Ковачиќ почнал да објавува книжевни дела во весниците. Со двајца свои пријатели ја објавува својата прва збирка на песни под насловот " Лирика“ 1932 година. Во тоа време И. Г. Ковачиќ веќе бил студен на Филозофскиот факултет во Загреб, но подоцна ги напуштил студиите.

Како студент на филозофија на Загребскиот универзитет, Горан соработувал во весниците со јасна левичарска ориентација.

Своето обемно, но сепак недовршено книжевно дело Иван Горан Ковачиќ, својот млади живот нераскинливо го врзувал за југословенската народна револуција. Тој е еден од оние млади поети кои го соединиле својот поетски и револуционерен пат. Во најсудбоносните моменти на југословенската историја, Горан таа доследност ја потврдил со сопствената крв.

Покрај поезијата, И. Г. Ковачиќ се бавел и со проза, есеистика и критика. Во 1936 година ја издал книгата новела, Денови на гневот или " Дани гњева“ . И. Г. Ковачиќ живеел во многу тешки материјални прилики, па поради тоа морал да работи во редакцијата на еден од загребските дневни листови (Хрватски дневник). Преведувал од неколку странски јазици и имал завидна книжевна и јазична култура.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tko je tko i odakle: strani velikani hrvatske kulture – Nacional.hr“. http://www.nacional.hr/clanak/89793/tko-je-tko-i-odakle-strani-velikani-hrvatske-kulture. конс. 28. 4. 2011. г.