Херцегбосански кантон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херцегбосански кантон


Hercegbosanska županija (хр)
кантон
Знаме на Херцегбосански кантон
Знаме
Амблем на Херцегбосански кантон
Амблем
Местоположба во БиХ и карта на општините.
Местоположба во БиХ и карта на општините.
Координати: 44°14′ СГШ 18°12′ ИГД / 
Држава Босна и Херцеговина
Ентитет Федерација Босна и Херцеговина
Гл. град Ливно
Општини Ливно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово, Дрвар
Управа
 • Премиер Бранко Ивковиќ
Површина
 • Вкупна 4.934,1 км2
Население
 • Вкупно 84.127
 • Густина 17/km2
Часовен појас CET
Мреж. место http://www.hbzup.com/

Херцегбосански кантон или Кантон 10 (хрватски: Hercegbosanska županija; српски и босански: Kanton 10, Кантон 10) — еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина, дел од Федерација Босна и Херцеговина. Кантонот се наоѓа во западниот дел од земјата. Управникот на кантонот се наоѓа во Купрес, владиното тело во Ливно, а собранието во Томиславград.[1] Овој кантон е еден од најпогодените за време на војната и истата има големи последици врз економскиот развој на кантонот.

Име[уреди | уреди извор]

Хрватите во Кантонот го претпочитаат името Херцегбосански кантон, па така и локалните власти уште од самиот момент на формирање на истиот сакале така да се именува овој ентитет. Сепак, уставот на БиХ истото не го одобрил и останала работната верзија на името, Кантон 10, да се користи во официјална употреба. Хрватската верзија на името се однесува на Херцег-Босна (хрватски дел од тројната националистичка поделба на Босна и Херцеговина), и поради тоа Србите и Хрватите, а и Уставот на БиХ, сметаат дека името Херцегбосански кантон е со национален предзнак. Истиот проблем и истата постапка важи и за грбот и знамето на кантонот и поради тоа овој кантон е единствен кој се уште нема официјален грб и знаме. Името Кантон 10 е по случаен избор, односно тој е десетти по ред при работната верзија на административната поделба на Федерацијата. Неофицијално кантонот е познат и како Ливански кантон (според главниот град) или Севернохерцеговски кантон.

Географија[уреди | уреди извор]

Кантонот има површина од 4,934.1 km², односно една десетина од вкупната површина на земјата.[2]

Општини[уреди | уреди извор]

Во кантонот се наоѓаат следните општини:Ливно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово и Дрвар.

грб општина население[3] површина (км2)[3]
No coats of arms.svg Босанско Грахово 3,091 780.0
No coats of arms.svg Дрвар 7,506 1030.0
Coat of arms of Glamoč.png Гламоч 4,038 1033.6
Coat of arms of Kupres.jpg Купрес 5,573 569.8
Livno Wappen.svg Ливно 37,487 994.0
Tomislavgrad-Grb.gif Томиславград 33,032 967.4

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2013 година, во кантонот имало 115,726 жители, од кои 76,79% Хрвати, 12,96% Срби и 9.55% Бошњаци.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]