Градачац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Градачац
Градачац
Општина и град
Грб на Градачац
Грб
Местоположба на градот
Местоположба на градот
Градачац is located in Bosnia and Herzegovina
Градачац
Градачац
Местоположба на градот
Координати: 44°53′N 18°26′E / 44.883° СГШ; 18.433° ИГД / 44.883; 18.433
Земја Босна и Херцеговина
КантонТузлански кантон
Управа
 • ГрадоначалникЕдис Дервишагиќ
Површина
 • Вкупна218 км2 (84 ми2)
Население (2013)
 • Вкупно41.836
 • Густина192/км2 (500/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+387 35
Мреж. местоgradacac.ba/

Градачац — град и општина во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Тузланскиот кантон, околу 40 километри јужно од реката Сава. Градовите Босански Шамац и Модрича се наоѓаат во близина Градачац. Според податоците од пописот во 2013 година, Градачац има 13.474 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Хусеиновата џамија

Регионот на Градачац за прв пат се споменува во 1302 година, додека првите пишани документи датираат од 1465 година. Градот станал дел од Отоманското Царство во 1512 година. Како нахија бил забележан во еден дефтер од 1533 година.

Во 1701 година на населбата и бил даден статус на паланка (град). Така градот станал седиште на воениот капетан во 1710 година. Началниците на семејството Градашчевиќ биле најодговорни во развојот на градот, и најпознатиот од нив, Хусеин Градашчевиќ бил предводник на Големото босанско востание во 1831 година.

Од 1929 до 1929 година, Градачац бил дел од Врбаска бановина.

Градот бил на неколку пати бомбардиран за време на Босанската војна од 1992-1995 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Градачац се наоѓа на надморска височина од 129 метри, на реката Градашница помеѓу падините на планината Мајевица и Требаве. Градовите Босански Шамац и Модрича се наоѓаат во близина Градачац.

Население[уреди | уреди извор]

Градачац
Година 1991 1981 1971
Муслимани 9.454 (73,46%) 7.758 (72,76%) 6.121 (80,47%)
Срби 1.348 (10,47%) 980 (9,19%) 730 (9,59%)
Хрвати 681 (5,29%) 563 (5,28%) 452 (5,94%)
Југословени 1.023 (7,94%) 1.231 (11,54%) 207 (2,72%)
Останати 362 (2,81%) 129 (1,21%) 96 (1,26%)
Вкупно 12.868 10.661 7.606

Економија[уреди | уреди извор]

Во градот индустријата се засновува на обработка и производство на текстил, хемиски производи и храна. Градачац е местото каде што се одржува традиционалниот меѓународен саем за сливи. На саемот од 2015 година присуствувале 250 презентери од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија, Германија, Турција и Унгарија. Една од поголемите локални компании е „Кула“, која е основана во 1960 година како мала локална фабрика за производство на облека. Денес Кула е модерна компанија со 700 вработени и годишно производство од 300.000 парчиња.

Образование[уреди | уреди извор]

Во градот постојат две средни училишта и седум основни училишта.

Туризам[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа тврдината чии ѕидини се високи 18 метри. Тврдината била изградена помеѓу 1765 и 1821 година. Кулата била изградена во 1824 година од страна на Хусеин Градашчевиќ на темелите на тврдината која претходно била изградена од страна на Римјаните. Хусеиновата џамија била изградена во 1826 година.

Првиот спа објект бил изграден во Градачац во 1882 година. Температурата на водата е 29.30˚C, пронајдена на длабочина од 286 метри. Во оваа област во близина се наоѓаат двете езера Хазна и Видара. Двете езера биле изградени како дел од проектот за заштита на градот од поплави.

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалскиот клуб ФК Ѕвезда Градачац кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ФК Ѕвезда Градачац своите домашни натпревари ги игра на стадионот Бања Илиџа кој има капацитет од 5.000 гледачи. ОФК Градина бил основан во 1922 година.

Освен фудбалскиот клуб, во градот се наоѓа и седиштето на РК Градачац.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]