Зворник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зворник
Зворник и реката Дрина
Зворник и реката Дрина
Грб на Зворник
Грб
местоположба на Зворник во БиХ
местоположба на Зворник во БиХ
Држава Босна и Херцеговина
Област Република Српска
Управа
 • Градоначалник Зоран Стевановиќ (СП) (Сојуз на независни социјалдемократи)
Површина
 • Градска 376.14 км2
Надм. вис. 146 м
Население (попис од 2013)
 • Градско 12.674
 • Густина 169.3/км2
 • Градскo 63.686
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Повик. бр. 56
Мреж. место opstina-zvornik.org

Зворник — град во североисточна Босна и Херцеговина низ кој минува реката Дрина. Градот се наоѓа јужно од Биелина. Зворник прв пат се споменува во 1410 година, и претставувал врска на Босна со источните земји. За време на Отоманската империја градот бил еден од шесте најголеми бродоградителски центри.[1] Градското население значително се намалило за време на Босанската војна.[2]

Главна атракција во градот е „Кула град“, село кое е дел од општина Зворник, и во него се наоѓа средновековна тврдина изградена во 12 век. Зворник има и градски музеј. Во градот секоја година во август се одржува културно лето. Локалниот клуб ФК Дрина Зворник настапува во првата фудбалска лига во Босна и Херцеговина. Од градот е и кошаркарскиот клуб КК Дрина.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1991, градот Зворник имал вкупно 14,584 жители, од кои:

  • Бошњаци - 8,854 (60.71%)
  • Срби - 4,235 (29.03%)
  • Југословени - 944 (6.47%)
  • Хрвати - 76 (0.52%)
  • Други - 475 (3.25%)

Според пописот од 2013, општината Зворник имала вкупно 58,856 жители, од кои:

  • Бошњаци - 19,885 (33.78%)
  • Срби - 38,579 (65.54%)
  • Хрвати - 106 (0.18%)
  • Други - 316 (0.53%)

Познати личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Godis̆njak grada Beograda. Beogradske novine. 1979. стр. 35. https://books.google.com/books?id=nVTjAAAAMAAJ. посет. 7 септември 2013 г. „Ипак градња бродова се посебно везивала за шест санџака: никопољски, видински, смедеревски, зворнички, пожешки и мохачки.“ 
  2. ‘Ethnic Cleansing Operations’ in the northeast-Bosnian City of Zvornik from April through June 1992“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]