Матија (река)
Изглед
| Матија | |
|---|---|
![]() | |
| Изворно име | Mat |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Јадранско Море 41°38′12″N 19°34′17″E / 41.63667°N 19.57139°E |
| Должина | 115 км |
| Особености на сливот | |
Матија или Маќа (албански: Mati, Mat) — река во северна Албанија со должина од 115 км. Извира кај с. Мартанеш во Дебарската област. Тече во западен правец, низ општината Матијаија (која е наречена по реката), а потоа на северозапад, низ градовите Клос и Бурел. Околу 10 км низводно од Бурел се влева во големото вештачко Улзанско Езеро (Liqeni i Ulzës) кај Улза. Откако ќе помине низ браната, продолжува во помалото Шкопетско Езеро (Liqeni i Shkopetit) и образува тесна клисура низ планинскиот венец што го двои округот Матија од крајбрежната рамница, во кои навлегува меѓу Милот и Зејмен. Потоа се влева во Јадранското Море близу Фуша Куќа, меѓу Леска и Лач.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]| „Матија (река)“ на Ризницата ? |
- Матија кај Милот
- Улзанското Езеро
- Браната на Улзанското Езеро
- Мостот „Зог“ на почетокот на кребрежната рамница
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Папаристо и др. (2012). „Еколошка проценка на квалитетот на водата од реката Мати (Албанија) заснована на употреба на физичко-хемиските параметри и водните инсекти како биоиндикатори“ (PDF). Macedonian Journal of Ecology and Environment. Скопје: Македонско еколошко друштво. XIV (1, 2): 27–37. ISSN 1857-8330. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-08-01. Посетено на 2016-01-26.
|

