Бел Дрим
Бел Дрим | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | 42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГДКоординати: 42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГД |
Должина | 175 км |
Особености на сливот |
Бел Дрим (албански: Drini i Bardhë) — една од двете реки со чие спојување настанува реката Дрим во Албанија. Другата река е Црн Дрим. Тие две се спојуваат во североисточна Албанија кај градот Кукес.
Должината на Бел Дрим изнесува 175 км (156 во Србија и 19 во Албанија). Реката извира во подношјето на планината Жљеб во Метохија, северно од градот Пеќ. Реката тече низ регијата Метохија. Во почетниот дел на течението, реката е понорница која се појавува како силен извор и водопад со висина од 25 метри во близина на Радовац. Изворот на реката во подножјето на Русолија се наоѓа на надморска височина од 580м, а котата на местото на спојување со Црн Дрим е на 240,8 метри.
Реката, на исток тече покрај Пеќката бања, а потоа потоа ги прима водите од притоката Источка река и течението оди кон југ. Останатиот дел од течението поминува низ доста плодна и госто населена централна Метохија, позната и како Подримље. Необично е тоа што на самата река не се наоѓаат големи градови. Најголемот место по течението на Бел Дрим е областа Клина.
Бел Дрим има многу значајни притоки: Пеќка Бистрица, Дечанска Бистрица и Ереник од десна стрна, а Источка река, Клима, Мируша, Римник, Топлуга и Призренска Бистрица од левата страна.
Сливот на Бел Дрим зазема површина од 4,360 км2 во Србија. Албанскиот дел од сливот има површина од 604км2. Во овој дел на реката не постајан населени места, а реката тука ја прима левата притока Плавска река која одаѓа од областа Гора. Течението на самата река не е пловен.
Вештачко хидроакумулационо езеро Фјерза го има поплавено брегот по целокупното течение на реката низ Албанија, како и дел од течението во Србија.
Литература[уреди | уреди извор]
- Мала енциклопедија Просвета, Трето издание (1985); Белград: „Просвета“; ISBN 86-07-00001-2
- Јован Ќ. Марковиќ (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије Сараево: „Светлост“; ISBN 86-01-02651-6