Вранска Краста (Могорче)
Изглед
(Пренасочено од Вранска Краста)
„Вранска Краста“
| |
Местоположба | 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056°N 20.62306°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Могорче |
Општина | Дебар |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Вранска Краста — археолошко наоѓалиште во дебарското село Могорче. Претставува утврдување од доцната антика. Се наоѓа во месноста каде што се граничат атарите на селата Могорче и Осој, на десниот брег на Мала Река и во непосредната близина на утоката на Белешница во Мала Река, каде се издига висок рид со доминантна положба на кој се забележуваат ѕидови од фортификација. Ѕидовите се зачувани на јужната и југоисточната страна, а ѕидани се од кршен камен и варов малтер. Фортификацијата го чувала патот што одел од Дебар за Кичево.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Богородица — средновековна црква;
- Кошари — некропола од римско време;
- Николица — средновековна населба и некропола;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |