Вранска Краста (Могорче)

Координати: 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.53056; 20.62306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вранска Краста

Карта

Местоположба 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД / 41.53056; 20.62306
Основни податоци
Место Могорче
Општина Дебар
Тип

 утврдување


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Вранска Крастаархеолошко наоѓалиште во дебарското село Могорче. Претставува утврдување од доцната антика. Се наоѓа во месноста каде што се граничат атарите на селата Могорче и Осој, на десниот брег на Мала Река и во непосредната близина на утоката на Белешница во Мала Река, каде се издига висок рид со доминантна положба на кој се забележуваат ѕидови од фортификација. Ѕидовите се зачувани на јужната и југоисточната страна, а ѕидани се од кршен камен и варов малтер. Фортификацијата го чувала патот што одел од Дебар за Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069