Прејди на содржината

Белешница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белешница
Белешница во горното течение на Стогово
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
Општина [[Дебар|]]
СелоМогорче
Физички особености
Извор 
 • местоСтогово
Устие 
 • место
Мала Река
Особености на сливот
ТечениеМала РекаРадикаЈадранско Море

Белешница — река на планината Стогово источно од Дебар, лева притока на Мала Река (Мијачка).[1]

Течение и хидрографски одлики

[уреди | уреди извор]

Извира високо на северната падина на планината Стогово на надморска височина од 2.070 - 2.080 метри во циркот Маруша во близина на истоименото ледничко езеро со кое не е поврзана. Настанува од два поголеми извори кои како речни ракавци се спојуваат на надморска височина од 1.970 метри. Тече во правец север-југ со мало отклонување кон североисток во најдолното течение, низ многу шумовита долина помеѓу селата Могорче и Осој и се влева во Мала Река од нејзината лева страна под патот Дебар - Бошков Мост - Гари - Кичево, недалеку од познатиот мост Елен Скок на надморска височина од 733 метри. Нејзината должина изнесува околу 6 километри. Реката Белешница се одликува со изразити и особени одлики на планинска река поради многу високиот пад, за што изобилува со брзаци, слапови и помали водопади, а поради стрмнината на нејзиното корито и големата силина на водата таа има силни ерозивни дејства при што во нејзината долина има големи одрони и свлечишта[2], а поради тоа реката има и големи наноси од големи камења и дрвја. Бистрата вода со брзиот тек и каменестото и песокливо дно на водата на реката и даваат изглед на бела боја, поради што таа најверојатно го добила и името Белешница.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Според кажување на Ариф, жител на с. Могорче, а забележано и при теренска посета на самото место. Забележал Марио Шаревски на 20 јуни 2018 г.