Мате Грујовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 18 март 1932
Лазарополе, Гостиварско
Починал 14 март 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање музички деец и композитор


Мате Грујовски (Лазарополе, Гостиварско, 18 март 1932 - Скопје, 14 март 2013) бил македонски музичар, водач на оркестар, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Грујовски е роден на 18 март 1932 година во Лазарополе, а со народната уметност се задоил уште од најраната младост. По дипломирањето на Уметничката академија во Белград, во 1964 година се вработил во Музичката продукција на тогашното Радио Скопје, најпрвин како музички соработник, за подоцна да биде именуван за уредник и музички продуцент за народна музика, позиција на која беше сè до пензионирањето во 1996 година. Грујовски бил еден од најзначајните двигатели на концертната и фестивалската дејност во Македонија со чиј удел биле поставени темелите на многу културно-уметнички манифестации во Македонија. Починал ненадејно во Скопје на 14 март 2013 година.[2] Негови синови се познатиот пејач на македонска народна музика, Благоја Грујовски и музичарот Ташко Грујовски.

Творештво[уреди | уреди извор]

Песни[уреди | уреди извор]

Мате Грујовски компонирал голем број песни, кои ги исполнувале разни пејачи и групи. Негови попознати песни се:

  • Од каде си малој моме
  • Само за неа живеам
  • Што си толку мило Ленче нажалена
  • Љубам мајко едно момче
  • Ах вие, мои луди млади години
  • Туѓино јабано
  • Јано Јанинке

Плочи[уреди | уреди извор]

Песните на Мате Грујовски се застапени на повеќе плочи, како:

  • Grozda Stojanovska i Borče Krstevski, Jugoton, EPY-34490, 1972.
  • Grozda Stojanovska, Bilbil pee vo planina, Jugoton, SY-22180

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Благоја Грујовски: Концертот по повод 20 години на естрада ќе го посветам на мојот татко“ (македонски). Комуникација. МАРТ 15, 2013 10:49. конс. 2013-03-16. 
  2. „Почина Мате Грујовски“ (македонски). Комуникација. МАРТ 15, 2013 09:20. конс. 2013-03-16.