Лазо Стаматовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лазо Стаматовски ( 1926 во Лазарополе13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното училиште го завршил во родното село. Во потрага за подобар живот, се преселил во Скопје и работел како општ работник. Како напреден младинец стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, во септември 1944 година. Беше борец во втората чета на првиот баталјон. Уште во првите борби против балистичките банди, се истакна како храбар борец. На 13 ноември 1944 година, со бригадата се упатил кон Скопје, за да учествува во борбите за ослободување на главниот град на Македонија. Учествувал во уличните борби против фашистичкиот германски окупатор. Храбро загинал при преземањето на зградата на Радио Скопје. Неговите посмртни останки биле погребени на градските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 246. На |first= му недостасува |last= (help)