Тихомир Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тихомир Јовановски
Роден 1933
Лазарополе, Македонија Македонија
Починал 13 мај 2011
Скопје, Македонија Македонија
Занимање економист, научник, издавач и универзитетски професор


Тихомир Јовановски (Лазарополе, 1933 - Скопје, 13 мај 2011) бил македонски економист, универзитетски професор и научник.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јовановски е роден во 1933 година, во Лазарополе, а во 1969 докторирал на Економскиот факултет во Скопје, каде што бил професор до пензионирањето. Тој бил активен и како автор, при што издал повеќе научни трудови од областа на монетарната економија, го издавал и стручното списание „Економија и бизнис“, а бил активен и во асоцијациите на економистите. Во текот на својата академска кариера, Јовановски објавил околу 500 библиографски единици и трудови.

Во 1995 година, Јовановски бил одликуван со Орден на трудот со златен венец и Орден за заслуги за народ со сребрени зраци. исто така, тој е добитник и на наградата „11 Октомври“ за наука, за животно дело. Од 1983 до 1987 година бил вицегувернер на Народната банка на Југославија, а во 2009 година станал член на Српската академија за економски науки.[1] Јовановски починал во Скопје, на 13 мај 2011 година, а бил погребан на градските гробишта во Бутел.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Д-р Тихомир Јовановски член на Српската академија за економски науки". Утрински Весник. 15.04.2009, 18:46. Посетено на 2011-12-04. Check date values in: |date= (help)
  2. "Почина професор д-р Тихомир Јовановски". Дневник. 15.05.2011, 23:22. Посетено на 2011-12-04. Check date values in: |date= (help)