Селиште (Трновци)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Селиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Трновци. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 1,5 км источно од селото, каде при обработувањето на земјата жителите наоѓале ѕидови градени од камен и варов малтер. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од многубројни керамички садови, покривни ќерамиди и мермерни блокови. Од ова наоѓалиште во црквата Св. Недела е донесена мермерна ара која на челната страна има правоаголно поле со релјефен приказ што е оштетен. На десната страна има женски лик, а под него натписно поле во 4 реда, со грчки натпис.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Трновско Кале — населба од хеленистичко време;
- Дапче — некропола од среден век;
- Герамидница — населба од доцноантичко време;
- Трновци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |