Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Ивањевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°14′47″N 21°19′50″E / 41.24639°N 21.33056°E |
| Место | Трновци |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1883 |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Трновци.[1] Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1883 година, а била обновена по Првата светска војна во 1926 година, како и во 1980 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а на јужната има спроеден влез. Пред обата влеза има натстрешница. Во горниот дел од јужниот и северниот ѕид има по четири залачени прозорци со иста големина кои се поставени во линија. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Со кров од ќерамиди се покриени и натстрешниците, додека апсидата е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект, селските гробишта и базен за верски обреди. Камбанаријата е сместена во непосредна близина на главниот влез, од неговата страна. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот е сместен на источната страна а над него се изрежани имињата на лицата заслужни за нејзината изградба. Во горниот дел на скоја страна од камбанаријата има по една бифора.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Северната страна на црквата
- Црквата со камбанаријата
- Црквата со базенот за верски обреди
- Главниот влез на црквата
- Камбанаријата
- Резбата со имиња на камбанаријата
- Помошниот објект
- Ѕид на помошниот објект
- Селските гробишта
- Гробови во дворот на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Трновци Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци на Ризницата ?


