Малоилинска Река

Координати: 41°19′19″N 21°3′44″E / 41.32194° СГШ; 21.06222° ИГД / 41.32194; 21.06222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Малоилинска Река
Кушница
Поглед на реката низ селото Мало Илино
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоПлакенска Планина
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°19′19″N 21°3′44″E / 41.32194° СГШ; 21.06222° ИГД / 41.32194; 21.06222
 • надм. вис.
713 м
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Малоилинска Река (позната и како Кушница) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води претставуваат извор за производство на електрична енергија.

Течение[уреди | уреди извор]

Течението на реката започнува во североисточниот дел на Плакенска Планина, каде што таа настанува со спојување на реките: Чавдарица, Јабланица и Мирча. Понатаму, таа поминува низ селото Мало Илино и северозападно од Демир Хисар се влева во Црна Река.[1]

Енергетика[уреди | уреди извор]

По течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Кушница“ со моќност од 247,5 KW.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 47. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Повластени производители - Хидроелектрани Архивирано на 3 март 2021 г., „МЕПСО“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]