Агломерација
Агломерација или пошироко градско подрачје е проширено подрачје на еден град што се состои од центар и извесен број приградски населби кои заедно сочинуваат непрекинато урбано подрачје. Можно е дури една агломерација да има два или повеќе центри и повеќе приградски населби (пр. агломерацијата Рур во Германија).
Појавување[уреди | уреди извор]
Основни услови за појавување на агломерација се територијалната близина на населените места и сложените многубројни врски меѓу нив (економски, социјални, транспортни, културни).
Постојат разлики во тоа како се дефинира агломерацијата во разни национални статистички, административни или географски методологии, па оттаму има и проблеми околу споредувањата. Понекогаш две населби се дел од една агломерација, понекогаш се третираат како посебни населби, а понекогаш едната се смета за сателит на другата населба.
Близок термин на агломерација е конурбација, што се однесува на споени урбани подрачја на соседни градови (пример: Есен-Дортмунд).
Меѓу најголемите агломерации во светот денес се оние на Токио, Гуангџоу, Сеул, Делхи, Мумбај, Мексико и др. Во Европа најголеми агломерации се оние на градовите Москва, Лондон и Париз.
Мегалополис[уреди | уреди извор]
Спојувањето на соседните агломерации, при што се формира многу голема урбанизирана територија чиј број на жители надминува 10 милиони, се нарекува метрополитенска област или мегалополис. Густината на населеност кај мегалополисите изнесува најмалку 2000 лица/км2.
Поголеми агломерации[уреди | уреди извор]

ранг | Град | Држава | Број на жители
|
Забелешка |
---|---|---|---|---|
1 | Токио | ![]() |
34.300.000 | ги вклучува Јокохама, Кавасаки и Саитама |
2 | Гуангџоу | ![]() |
25.100.000 | ги вклучува Дунгуан, Фошан, Џангмен и Џунгшан |
3 | Сеул | ![]() |
24.600.000 | ги вклучува Бучон, Којанг, Инчон, Сонгнам, Сувон |
4 | Мексико | ![]() |
22.900.000 | ги вклучува Нецауалкојтал (Сјудад Неца), Екатепек, Наукалпан |
5 | Њујорк | ![]() |
22.000.000 | ги вклучува Њуарк и Петерсон |
6 | Мумбај | ![]() |
23.500.000 | ги вклучува Биванди, Калјан, Тан и Улхаснагар |
7 | Њу Делхи | ![]() |
24.100.000 | ги вклучува Фаридабад и Газиабад |
8 | Сао Паоло | ![]() |
20.800.000 | го вклучува Гуарулхос |
9 | Шангај | ![]() |
18.800.000 | |
10 | Лос Анџелес | ![]() |
18.000.000 | ги вклучува Риверсајд и Анахајм |
11 | Џакарта | ![]() |
18.800.000 | ги вклучува Бекаши, Богор, Депок, Тангеранг и Тангеранг Селатан |
12 | Осака | ![]() |
16.800.000 | ги вклучува Кобе и Кјото |
13 | Каиро | ![]() |
15.400.000 | ги вклучува Ал-Џизах (Гиза), Хелван и Шубра ел Кеима |
14 | Москва | ![]() |
14.800.000 | |
15 | Истанбул | ![]() |
13.000.000 | |
16 | Лондон | ![]() |
12.500.000 | |
17 | Париз | ![]() |
10.500.000 | |
18 | Чикаго | ![]() |
9.700.000 |
Наводи[уреди | уреди извор]
|