Клемент Атли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клемент Атли
Person attlee2.jpg
Портрет од Јусуф Карш , околу  1945 година
Премиер на Обединетото Кралство
На должноста
26 јули 1945 – 26 окѕомври 1951
Монарх Џорџ VI
Заменик Херберт Морисон
Претходник Винстон Черчил
Наследник Винстон Черчил
Опозиционен лидер
На должноста
26 октомври 1951 – 25 ноември 1955
Монарх
Премиер
Претходник Винстон Черчил
Наследник Херберт Морисон
На должноста
25 октомври 1935 – 11 мај 1940
Монарх
Премиер
Претходник Џорџ Лансбери
Наследник Хејстингс Лис-Смит
Лидер на Лабуристичката партија
На должноста
25 октомври 1935 – 7 декември 1955
Заменик
Претходник Џорџ Лансбери
Наследник Хју Гејтскел
Лични податоци
Роден(а) Клемент Ричард Атли
3 јануари 1883(1883-01-03)
Путни, Англија
Починал(а) 8 октомври 1967(1967-10-08) (возр. 84)
Лондон, Англија
Почивалиште Вестминстерска опатија
Партија Лабуристичка партија
Сопружник Виолет Милар (в. 1922; d 1964)
Деца 4
Установа Универзитетски колеџ (Оксфорд)
Занимање
  • политичар
  • адвокат
  • наставник
  • социјален работник
  • војник
Воена служба
Род Британска армија
Траење 1914–1919
Чин Мајор
Единица
  • Полк Јужен Ланкашир
  • Тенковски корпус
Битки/војни
Одликувања
  • 1914-1915 ѕвезда
  • Британски воен медал
  • Медал за победа

Клемент Ричард Атли, Прв Ерл Атли, (3 јануари 1883 г – 8 октомври 1967) бил истакнат британски политичар, лидер на Лабуристичката партија помеѓу 1935 и 1955 година и премиер на Обединетото Кралство помеѓу 1945 и 1951 година. За време на неговиот мандат ги поставил основите за воспоставување на социјална држава во неговата земја, овозможувајќи, меѓу другото, бесплатни здравствени услуги за сите граѓани во Обединетото Кралство.

Детство и образование[уреди | уреди извор]

Атли е роден на 3 јануари 1883 година во Путни, Сари (сега дел од Лондон), во семејство од висока средна класа, како седмо од осумте деца на неговите родители. Неговиот татко Хенри Атли бил адвокат, а мајка му Елен Брејвери Вотсон, била ќерка на Томас Сајмонс Вотсон, секретар за Уметничкиот сојуз од Лондон.[1] Во 1901 година, Атли се запишал на Универзитетскиот колеџ во Оксфорд, и во 1904 дипломирал на современа историја.[2] Атли потоа стажирал како адвокат. Одредено време работел во адвокатската канцеларија на татко му, но не уживал во работата и немал некоја посебна амбиција да успее во адвокатската професија. [3] Тој исто така играл фудбал за нелигашкиот клуб Флит.[4]

Татко му починал во 1908 година, оставајќи имот проценет на 75.394 фунти (еквивалентно на 8,047,880 фунти во 2016 [5]).[6]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 1906 година, почнал да волонтира во Хајлибери Хаус, добротворен клуб за момчиња од работничката класа, а од 1907 до 1909 година бил менаџер на клубот. Работејќи со децата, Атли ги променил своите ставови од конзервативни во социјалистички и во 1908 година се приклучил на Независната работничка партија.[3] Во 1909 година бил накратко секретар на Беатрис Веб. Во 1911 година, бил ангажиран од Владата на Обединетото Кралство и патувал низ земјата за да го објасни Националниот закон за осигурување развиен на иницијатива на канцеларот на финансии Дејвид Лојд Џорџ. Една година подоцна, започнал да предава општествени науки и јавна администрација на Лондонската школа за економија.[3]

Воена служба за време на Првата светска војна[уреди | уреди извор]

По избувнувањето на Првата светска војна во август 1914 година, Атли поднел барање да се приклучи на британската армија. На 30 септември 1914 година бил назначен за привремен поручник во 6-от баталјон, полк во Јужен Ланкашир. На 9 февруари 1915 година бил унапреден во капетан , а на 14 март бил назначен за аѓутант на баталјонот. Со полкот учествувал во Галиполската операција во Турција.

Атли (на средина) во 1916 година, на 33 години, додека служел во Месопотамија.

Галиполската операција била осмислена од првиот лорд на Адмиралитетот, Винстон Черчил. Иако неуспешна, Атли сметал дека тоа е храбра стратегија која можела да успее ако била подобро спроведена на теренот. Тој му се восхитувал на Черчил како воен стратег, поради што деловните односи со него во подоцнежните години ќе бидат продуктивни.[3]

Учествувал и во Месопотамската операција во денешен Ирак, каде што во април 1916 година ранет во ногата. Прво бил испратен во Индија, а потоа назад во Обединетото Кралство за да се опорави. На 1 март 1917 бил унапреден во мајор,[7] поради што во поголемиот дел од меѓувоениот период бил познат како „мајор Атли“. Последните месеци од војната ги поминал на Западниот фронт.[8][9]

Рана политичка кариера[уреди | уреди извор]

Локална политика[уреди | уреди извор]

По војната предавал на Лондонската школа за економија, а исто така се вратил и на локалната политика. Во 1919 година бил избран за градоначалник на лондонскиот округ Степни, во тоа време еден од најсиромашните во градот. Како градоначалник, презел акција против станоиздавачите во сиромашните квартови кои наплаќале високи кирии, но одбивале да трошат пари за одржување на имотот кој го издавале за да биде во состојба да може да се живее во него. Им наложил на сопствениците на куќи да го поправат нивниот имот. Исто така, назначил и санитарни инспектори и домашна здравствена посета, со што стапката на смртност кај новороденчињата се намалила. Презел акција за наоѓање работа на невработените поранешни војници.[3]

Член на парламентот[уреди | уреди извор]

На изборите во 1922 година, Атли бил избран за пратеник во Долниот дом за изборната единица Лајмхаус во Степни. Во тоа време бил жесток поддржувач на Ремзи Мекдоналд и му помогнал да биде избран за лидер на Лабуристичката партија на партиските избори во 1922 година. Тој бил приватен парламентарен секретар на Мекдоналдс. За првпат влегол во влада во 1924 година како потсекретар за војна (државен секретар) во краткотрајната прва лабуристичка влада предводена од Мекдоналд.[3]

Атли се спротивставил на најголемиот генерален штрајк во историјата на земјата во 1926 година со образложение дека не се согласува со употребата на штрајкот како средство за политичка борба. Меѓутоа, по избувнувањето на штрајкот, не се обидел да го поткопа. За време на штрајкот, тој бил претседател на Комисијата за електрична енергија во Степни. Атли преговарал за договор со Синдикатот на електрична енергија, за да продолжат да ги снабдуваат болниците со електрична енергија, но да ја прекинат испораката кон фабриките.[3]

Во 1927 година, бил назначен за член на повеќепартиската Симонова комисија, кралска комисија која требало да ја испита можноста за доделување самоуправа на Индија. Поради времето што требаше да го посвети на комисијата, и поради тоа што Мекдоналд го прекршил ветувањето што му го дал на Атли, не му било понудено министерско место во Втората лабуристичка влада по општите избори во 1929 година. [3] Службата на Атли во Комисијата го опреми со темелна изложеност на Индија и многу нејзини политички лидери. До 1933 година тој тврдеше дека британското владеење е туѓо за Индија и дека не може да ги направи социјалните и економските реформи неопходни за напредок на Индија. Тој стана британскиот лидер кој најмногу симпатии на индиската независност (како доминација), подготвувајќи го за неговата улога во одлучувањето за независност во 1947 година.[10]

Во мај 1930 година, Лабуристичкиот пратеник Освалд Мозли ја напуштил партијата откако таа ги отфрлила неговите предлози за решавање на проблемот со невработеноста, а Атли ја презел неговата функцијата канцелар на Војводството Ланкастер. Во март 1931 година, станал генерален директор на поштата, функција што ја вршел пет месеци, по што паднала владата на лабуристите, откако не успеала да се справи со финансиската криза предизвикана од Големата депресија. [3] Тогаш Мекдоналд и неколку негови сојузници формирале Национална влада со конзервативците и либералите, а лабуристите биле исклучени. Мекдоналд на Атли му понудил работа во Националната влада, но тој ја одбил понудата и одлучил да остане лојален на главната Лабуристичка партија.[3]

Опозиција во 1930-тите[уреди | уреди извор]

Заменик лидер на Лабуристичката партија[уреди | уреди извор]

На изборите во 1931 година Лабуристичката партија доживеала тежок пораз, и загубиле преку 200 пратенички места, и сега имале 52 пратеници во Парламентот. Сепак, Атли бил повторно избран за пратеник од Лајмхаус. Покрај Атли, уште двајца лабуристички пратеници имале претходно искуство во влада, Џорџ Лансбери и Стафорд Крипс. Затоа, Лансбери беше избран за лидер без противкандидат, а Атли бил негов заменик. [3] По повредата на Лансбери кон крајот на 1933 година, Атли девет месеци ја вршел на должноста лидер на партијата, но личните финансиски потешкотии поврзани со болеста на неговата сопруга скоро го натерале да се повлече од политиката. Стафорд Крипс се согласил на Атли да му исплати дополнителна плата за лекувањето на неговата сопруга и го убедил да остане. [3]

Лидер на Лабуристичката партија[уреди | уреди извор]

Атли бил лидер на Лабуристичката партија од 1935 до 1955 година.Џорџ Лансбери, посветен пацифист, поднел оставка како лидер на Лабуристичката партија на Партиската конференција на 8 октомври 1935 година, откако делегатите изгласале санкции против Италија за нејзината агресија врз Абисинија. Искористувајќи го нередот во Лабуристичката партија, на 19 октомври премиерот Стенли Болдвин објавил дека општите избори ќе се одржат на 14 ноември. Затоа што немало време за лидерски избори, партијата се согласила Атли да биде привремен лидер, а партиските избори ќе се одржат по општите избори. [3] Атли ги предводел Лабуристите на изборите во 1935 година, и партијата делумно се опоравиле од поразот во 1931 година, освојувајќи 38 отсто од гласовите, највисок процент што лабуристите го освоиле до тој момент и добиле над сто мандати. [11] На 3 декември 1935 година, Атли бил и официјално потврден за нов лидер по внатрепартиските избори на кои му се спротивставиле Херберт Морисон и Артур Гринвуд.[3]

Првично, Атли ја потценил опасноста од експанзионистичките чувства на нацистичка Германија и се спротивставил на повторното вооружување на Британија. Меѓутоа, зголемената закана од Третиот Рајх и неефективноста на Лигата на народите биле причина за во 1937 година Лабуристичката партија да ги напушти пацифистичките ставови и поддржале повторно вооружување. Во 1938 година, Атли се спротивставил на Минхенскиот договор, во кој Чембрлен преговарал со Хитлер за да ѝ ги даде на Германија деловите од Чехословачка во кои се зборува германски и се спротивставил на политиката на премиерот Невил Чембрлен за смирување на агресорот. [3] Во 1937 година, Атли, изразувајќи солидарност со шпанските републиканци, ја посети Шпанија разорена од граѓанска војна и го посетил британскиот баталјон кои биле во состав на Меѓународните бригади.

Атли останал лидер на опозицијата по избувнањето на Втората светска војна во септември 1939 година. По катастрофалната норвешка кампања било побарано гласање за недоверба на владата на Невил Чембрлен.[12] По оставката на Чембрлен, на 10 мај 1940 година лабуристите и конзервативците формирале коалициска влада на чело Винстон Черчил на 10 мај 1940 година,[13] а Етли се приклучил на Кабинетот на 12 мај.[14]

Заменик премиер[уреди | уреди извор]

Атли во посета на фабрика за муниција во 1941 година

Само Атли и Черчил останале во воениот кабинет од формирањето на Владата на национално единство во мај 1940 година до изборите во мај 1945 година. Во 1942 Атли станал првиот британски заменик-премиер, а на 28 септември 1943 година станал и секретар за Доминионите [13][15] и Лорд претседател на Советот.

Премиер[уреди | уреди извор]

Атли со кралот Џорџ VI по победата на лабуристите на изборите во 1945 година

Избори во 1945 година[уреди | уреди извор]

По поразот на нацистичка Германија и крајот на војната во Европа во мај 1945 година, Атли и Черчил се залагале коалициската влада да опстои до конечната победа над Јапонија. Сепак, Херберт Морисон јасно ставил до знаење дека Лабуристичката партија нема да биде подготвена да го прифати ова, а Черчил бил принуден да поднесе оставка како премиер и да распише итни избори.[13]

Војната поттикнала длабоки општествени промени во Британија и и народот бил за социјални реформи.

Слоганот на Лабуристите за време на кампањата бил „Да се соочиме со иднината“, и се позиционирала како партија која е најдобра опција за обнова на Британија по војната,[16] и водела силна и позитивна кампања, додека кампањата на конзервативците целосно била насочена околу Черчил.

Резултатите од изборите биле објавени на 26 јули, и Лабуристите добиле 47,7 посто од гласовите наспроти 36 посто на конзервативците.[17] Тие освоиле 393 места во Долниот дом и тоа било за првпат во историјата Лабуристичката партија да освои мнозинство во Парламентот.[18] Истиот ден, Атли го наследил Черчил како премиер на Велика Британија, а на 28 јули го заменил на Потсдамската Конференција.

Атли на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лондон, 1948 година

Внатрешна политика[уреди | уреди извор]

Здравство[уреди | уреди извор]

Министерот за здравство во владата на Атли, Анеурин Беван, го создал Националниот здравствен сервис (NHS) во 1948 година. Ова бил јавно финансиран здравствен систем кој нудел бесплатни услуги. Поради долгорочната потисната побарувачка за здравствени услуги Националниот сервис во текот на својата прва година од работењето опслужил околу 8 и пол милиони пациенти со стоматолошки услуги и издал повеќе од 5 милиони пара очила.[19]

Благосостојба[уреди | уреди извор]

Владата започнала да ги спроведува воените планови на либералот Вилијам Бевериџ за создавање на „од лулка до гроб“ социјална држава. Воспоставила целосно нов систем на социјално осигурување. Меѓу најважните закони бил Законот за национално осигурување од 1946 година, во кој луѓето на работа требало да плаќаат рамна стапка на национално осигурување. За возврат, тие (и нивните сопругите) имале право на многу користи, како пензии, надоместок за боледување, надоместок за невработеност и надоместок за погреб. Со повеќе други закони бил регулиран детскиот додаток и поддршката за луѓе кои немаат приходи.[20] Во 1949 година, бенефициите за невработеност, болест и мајчинство биле ослободени од данок.[21]

Домување[уреди | уреди извор]

Со Законот за нови градови од 1946 се предвидувало основање на развојни корпорации за изградба на нови градови, а со Законот за планирање на градовите и земјиштето од 1947 година им се наложило на окружните совети да подготват планови за развој.[22] Владата на Атли, исто така, го олеснила процесот на купување земјиште.[23] Со Законот за домување (Шкотска) од 1949 година Министерството за финансии на локалните власти им обезбедило грантови од 75 проценти за исплатените трошоци за модернизација.[24]

Жени и деца[уреди | уреди извор]

Биле преземени многу реформи за подобрување на условите за жените и децата. Во 1946 година, биле воведени семејни додатоци за сите за да се обезбеди финансиска поддршка на домаќинствата за одгледување деца.[25][26] Овие користи биле законски донесени претходната година со Законот за семејни додатоци од 1945 од Черчил, и била првата мерка што владата на Атли ја усвоила во парламентот.[27] Законот за мажени жени бил донесен во 1949 година „за да се изедначат, да се направат нефункционални секакви ограничувања за располагање со имотот од страна на една жена“.[28]

Планирање и развој[уреди | уреди извор]

Развојните права биле национализирани,а владата се обидувала профитот за развој да се слее во државната каса. Биле формирани органи за планирање кои ќе го контролираат користењето на земјиштето и издавале прирачници со упатства кои ја истакнувале важноста од заштитата на земјоделското земјиште. Во рамките на неговото Министерство за планирање бил формиран ланец од регионални канцеларии кои ќе ги водат политиките за регионален развој.[29]

Работнички права[уреди | уреди извор]

Биле спроведени различни мерки за подобрување на условите на работното место. Правото на боледување било значително продолжено и било воведено платено боледување за административните, професионалните и техничките работници на локалната власт во 1946 година и за различни категории физички работници во 1948 година.[30] Работничките надници исто така биле значително подобрени.[31] Со Резолуцијата за правични плати од 1946 година се барало секоја договорна страна која работи на јавен проект да ги усогласи платите и другите услови за работа со тие поставени во соодветниот колективен договор.[32][33][34]

Национализација[уреди | уреди извор]

Владата на Атли се посветила на национализацијата на основните индустрии и јавните претпријатија. Во 1946 биле национализирани Банката на Англија и цивилната авијација. Во 1947 биле национализирани ископувањето на јаглен, железницата, патниот транспорт, телекомуникациите беа национализирани, а струјата и гасот во 1948 година. Челичната индустрија била национализирана во 1951 година. Во 1951 година, околу 20 отсто од британската економија се наоѓала во државна сопственост.[20]

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Владата на Атли ставила силен акцент на подобрување на квалитетот на животот во руралните области, од што корист имале и земјоделците и другите потрошувачи. Била воведена сигурност на закупот на земјоделско земјиште, а потрошувачите биле заштитени со субвенциите за храна. Помеѓу 1945 и 1951 година, преку подобрување во услугите за гас, електрична енергија и вода, како и во разонодата и јавните услуги бил подобрен квалитетот на руралниот живот. Со Законот за транспорт од 1947 година се подобриле услугите во руралниот автобуски сообраќај, а со Законот за земјоделство од 1947 година се овозможиле повисоки субвенции за земјоделците.[35] Во 1947 и 1948 година, исто така, биле донесени законски уредби со кои се формираше постојан Одбор за плати во земјоделството кој ги одредува минимални плати за земјоделските работници.[36][37]

Образование[уреди | уреди извор]

Владата на Атли целосно ги имплементирала одредбите од Законот за образование од 1944 година, со кои за прв пат на учениците им се гарантира правото на бесплатно средно образование. Биле укинати надоместоците во државните гимназии, а биле изградени нови, модерни средни училишта.[38] Бил зголемен износот на државните стипендии за универзитетите,[39] и владата усвоила политика за дополнителни награди кон универзитетските стипендии до она ниво кое е доволно за покривање на таксите и одржувањето.[40]

На илјадници поранешни војници им било помогнато да завршат колеџ, нешто кое не можеле да си го дозволат пред војната. [41] За прв пат на сите ученици им се давало бесплатно млеко.[42] Владата ги зголемила своите инвестиции во техничко образование, а се зголемил и бројот на градинките.[43] Наставниците добиле повисоки плати, а биле издвоени средства за подобрување на постоечките училишта.[23] Владата на Атли, сепак, не успеала да воведе сеопфатно образование. Оваа реформа подоцна била спроведена од владата на Харолд Вилсон. За време Атли, владата ги зголемила трошоците за образование за преку 50 отсто, од 6,5 милијарди фунти на 10 милијарди фунти. [44]

Економија[уреди | уреди извор]

Пазар во Лондон, 1947 година

Најзначајниот проблем со кој се соочувал Атли и неговите министри била економијата, затоа што поради војната Британија била на работ од банкрот. Наглиот прекин на американската програма Ленд-лиз во август 1945 година за малку ќе предизвикало криза. Во декември 1945 бил обезбеден заем од САД. Со условите на заемот се предвидувало фунтата да стане целосно конвертибилна со американскиот долар. Откако во јули 1947 година било воведено ова предизвикало валутна криза и конвертибилноста морало да биде суспендирана по само пет недели.[20] Обединетото Кралство ја применило американската програма Маршалов план во 1948 година, а економската ситуација значително се подобрила. Поради кризата во платниот биланс во 1949 канцеларот за финансии, Стафорд Крипс, бил принуден да ја девалвира фунтата.[20]

И покрај овие проблеми, едно од главните достигнувања на владата на Атли било одржувањето на речиси целосна вработеност. Владата, и по војната, во најголем дел ја задржала контролата врз економијата, како и контролата врз распределбата на материјалите и работната сила, а невработеноста ретко се искачувала над 3 посто од вкупната работна сила.[20] Почест проблем бил недостигот на работна сила. Стапката на инфлација била задржана на ниско ниво за време на неговиот мандат.[45] Производството и продуктивноста пораснаа како резултат на новата опрема, а просечната работна недела била скратена.[46]

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Атли со Хари Труман и Јосиф Сталин на конференцијата во Потсдам, 1945 година
Атли се ракува со американскиот државен секретар Џејмс Ф. Бирнс по неговото пристигнување на Националниот аеродром во Вашингтон, 1945 година

Европа и Студената војна[уреди | уреди извор]

Во надворешните работи, владата на Атли се соочила со четири главни проблеми: повоена Европа, почетокот на Студената војна, формирањето на Обединетите нации и деколонизацијата. Атли присуствувал и на подоцнежните фази од конференцијата во Потсдам, каде што преговарал со Хари Труман и Јосиф Сталин.

Откако Сталин презел политичката контрола над поголемиот дел од Источна Европа и почнал да ги поткопува другите влади на Балканот, владата на Атли придонела во создавањето на одбранбениот сојуз на НАТО за заштита на Западна Европа од секакво советско проширување. Во јануари 1947 година, поради страв од советските и американските нуклеарни намери имало таен состанок на Кабинетот, каде што била донесена одлука да се продолжи со развојот на независното британско нуклеарно одвраќање, прашање што подоцна предизвикало раскол во Лабуристичката партија. Првата успешна нуклеарна проба на Британија, сепак, била во 1952 година, една година откако Атли ја напуштил функцијата.[20]

Деколонизација[уреди | уреди извор]

Деколонизацијата никогаш не била главно предизборно прашање, но Атли се посветил на ова и бил главен лидер во почетокот на процесот на деколонизација на Британската Империја.[47][48]

Кина и Хонгконг[уреди | уреди извор]

Во август 1948 година, по победите на кинеските комунисти, Атли започнал да се подготвува за комунистичко преземање на Кина. Во декември, владата заклучила дека иако британскиот имот во Кина најверојатно ќе биде национализиран, британските трговци ќе имаат долгорочна корист од стабилна, индустријализирана и комунистичка Кина. Од особена важност било задржувањето на Хонгконг, и во текот на 1949 Британија го засилила гарнизонот во Хонгконг. Британија станала првата западна земја што формално ја признала Народна Република Кина во јануари 1950 година.[49] Во 1954 година, делегација на Лабуристичката партија, меѓу кои бил и Атли, ја посетила Кина на покана на тогашниот министер за надворешни работи Џоу Енлаи. Атли станал првиот висок политичар од Западот кој се сретнал со Мао Це Тунг.[50]

Индија и Пакистан[уреди | уреди извор]

Атли го оркестрирал доделувањето независност на Индија и Пакистан во 1947 година. Атли во 1928-1934 година бил член на Индиската статутска комисија (позната и како Симонова комисија). Тој во Лабуристичката партија станал експерт за Индија и веќе во 1934 година се залагал на Индија да ѝ се даде ист статус на независен доминион каков што неодамна добиле Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка.[51] Тој се соочил со силен отпор од тврдокорните конзервативни империјалисти, предводени од Черчил, кои се спротивставиле и на независноста и на воспоставувањето на систем на ограничена локална контрола од самите Индијци.[52] Атли и раководството на лабуристите сочувствувале кон Конгресното движење предводено од Махатма Ганди и Џавахарлал Нехру,[53] и пакистанското движење предводено од Мухамед Али Џина. За време на Втората светска војна, Атли бил задолжен за индиските работи. Кога Конгресот повикал на пасивен отпор во движењето „Оставете ја Индија “ од 1942-1945 година, Атли наредил апсење и интернирање на десетици илјади лидери на Конгресот и го задушил бунтот.[54]

Откако станал премиер во 1945 година, Атли првично планирал на Индија да ѝ даде статус на Доминион во 1948 година,[55] но владата на лабуристите да им дала целосна независност на Индија и Пакистан во 1947 година. По независноста имало преселби на милиони муслимани и Хиндуси (и многу Сики). Следело и екстремно насилство по поделбата на провинциите Пенџаб и Бенгал. Историчарот Јасмин Кан проценува дека биле убиени меѓу половина милион и милион мажи, жени и деца.[56][57] Самиот Ганди бил убиен од хинду активист во јануари 1948 година [58]

Атли во 1948 година ја дозволил и мирната транзиција кон независност на Бурма (Мјанмар) и Цејлон (Шри Ланка).[59]

Палестина[уреди | уреди извор]
Прослава на Денот на Европа во Ерусалим под британска контрола (1945)

Еден од најитните проблеми со кои се соочил Атли се однесувал на иднината на британскиот мандат во Палестина, кој стана премногу проблематичен и скап за справување. Британската политика во Палестина од страна на ционистичкото движење и администрацијата на Труман била сфатена како проарапска и антиеврејска, а Британија набрзо била неспособна да го одржува јавниот ред соочена со еврејскиот бунт и граѓанската војна. Како одговор на тоа, Атли наредил евакуација на целиот британски воен персонал и го предал прашањето на Обединетите нации, одлука која била поддржана од јавноста во Британија.[60]

Африкански колонии[уреди | уреди извор]

Политиките на владата во однос на другите колонии, особено оние во Африка, се фокусирале на нивно задржување како стратешки средства во Студената војна и истовремено да ги модернизираат нивните економии. Во Кенија била изградена голема воена база, а африканските колонии биле под директна контрола од Лондон. Биле воведени развојни шеми за да помогнат во решавањето на повоената британска криза со платниот биланс и за да се подигне африканскиот животен стандард. Овој „нов колонијализам“ функционирал бавно и имал неуспеси како што е шемата за кикиритки Тангањика.[61]

Враќање во опозицијата[уреди | уреди извор]

По поразот на изборите во 1951 година, Атли продолжил да ја води партијата како лидер на опозицијата. Неговите последни четири години како лидер, сепак, се сметаат за еден од послабите периоди на Лабуристичката партија.[20] Атли, на 72-годишна возраст, на општите избори во 1955 година му се спротивставил на Ентони Иден. На изборите лабуристите изгубиле 18 пратенички места, а конзервативците го зголемиле своето мнозинство. Тој се пензионирал како лидер на Лабуристичката партија на 7 декември 1955 година, по дваесет години на чело на партијата, а на 14 декември Хју Гејтскел бил избран за негова замена.[62][63]

Повлекување[уреди | уреди извор]

Тој подоцна се повлекол од Долниот дом и на 16 декември 1955 година ја добил наследната титула Ерл Атли и Виконт Прествуд.[17] Со ова на 25 јануари 1956 го зазел своето место во Домот на лордовите. Во мај 1961 година, отпатувал во Вашингтон за да се сретне со претседателот Кенеди.[64]

Смрт[уреди | уреди извор]

Атли умрел мирно во сон од пневмонија на 8 октомври 1967 година на 84-годишна возраст во болницата Вестминстер. На неговиот погреб во ноември присуствувале две илјади луѓе, меѓу кои и тогашниот премиер Харолд Вилсон и Принцот Едвард кој ја претставувал кралицата . Тој бил кремиран и неговата пепел била закопана во Вестминстерската опатија.[65][66]

Наследство[уреди | уреди извор]

Портрет од Џорџ Харкурт, 1946 година

Новинарот и радиодифузер Ентони Хауард го нарече „најголемиот премиер на 20 век“.[67]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Davies, Edward J. "The Ancestry of Clement Attlee", Genealogists' Magazine, 31(2013–15): 380–87.
  2. „Clement Attlee“. Spartacus Education.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 Beckett 1998.
  4. Borrows, Bill (27 April 2015). „Why football can be a dangerous game for politicians“. Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 11 January 2022.
  5. UK Retail Price Index inflation figures are based on data from Clark, Gregory (2017). „The Annual RPI and Average Earnings for Britain, 1209 to Present (New Series)“. MeasuringWorth. Посетено на November 6, 2017.
  6. "Attlee Henry of 10 Billiter-square London and Westcott Portinscull-road Putney Surrey died 19 November 1908" in Probate Index for 1908 at probatesearch.service.gov.uk, accessed 7 August 2016
  7. „No. 30038“. The London Gazette (Supplement). 27 April 1917. стр. 4050.
  8. The National Archive WO 95/101 War History of 10th Battalion, Tank Corps, pp. 1–2.
  9. „No. 30425“. The London Gazette (3rd supplement). 13 December 1917. стр. 13038.
  10. Brasted Howard, Bridge Carl (1988). „The British Labour Party and Indian Nationalism, 1907–1947“. South Asia: Journal of South Asian Studies. 11 (2): 69–99. doi:10.1080/00856408808723113.
  11. Thomas-Symonds 2012.
  12. „The Norway Campaign in World War Two“. BBC. 30 March 2011. Посетено на 2 October 2011.
  13. 13,0 13,1 13,2 Howell, David. (2006) Attlee (20 British Prime Ministers of the 20th Century), Haus Publishing; ISBN 1-904950-64-7.
  14. You must specify issue= when using {{London Gazette}}.
  15. Marr, Andrew. A History of Modern Britain (2009 paperback), pp. xv–xvii
  16. „British Labour Party election manifesto, 1945 [archived]“. Архивирано од изворникот на 20 July 2018. Посетено на 9 January 2016.
  17. 17,0 17,1 R. C. Whiting, "Attlee, Clement Richard, first Earl Attlee (1883–1967)", Oxford Dictionary of National Biography, 2004.
  18. „VOTE2001 – THE ELECTION BATTLES 1945–1997“. BBC News.
  19. Jefferys, Kevin. The Attlee Governments, 1945–1951.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 20,6 Thorpe, Andrew. (2001) A History of the British Labour Party, Palgrave; ISBN 0-333-92908-X Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „A History of the British Labour Party“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  21. „HC S Budget Resolution and Economic Situation“. Margaret Thatcher Foundation. 5 May 1966. Посетено на 20 March 2013.
  22. Harmer, Harry. The Longman Companion to The Labour Party 1900–1998.
  23. 23,0 23,1 Pritt, Denis Nowell. The Labour Government 1945–51.
  24. Scottish Housing in the Twentieth Century (edited by Richard Rodger)
  25. „Who, What, Why: Why do the rich get child benefit?“. BBC News. 4 October 2010.
  26. „An Assessment of the Attlee Government“. Посетено на 21 July 2012.
  27. Waltman, Jerold L. (2004). The Case for the Living Wage. Algore Publishing. стр. 199. ISBN 9780875863023. Посетено на 21 July 2012. The case for the living wage by Jerold L. Waltman 1945 Labour government family allowances.
  28. J.P. Lawton (April 1950). „Married Women (Maintenance) Act, 1949“. The Modern Law Review. Wiley. 13: 220–222. doi:10.1111/j.1468-2230.1950.tb00164.x. JSTOR 1089590.
  29. Labour and Inequality: Sixteen Fabian Essays (edited by Peter Townsend and Nicholas Bosanquet).
  30. Townsend, Peter. Poverty in the United Kingdom: A Survey of Household Resources and Standards of Living.
  31. Hicks, Alexander M. Social Democracy & Welfare Capitalism: A Century of Income Security Politics.
  32. Beaumont, Phil B. (1987). The Decline of Trade Union Organisation. Croom Helm. ISBN 9780709939580. Посетено на 20 March 2013.
  33. Card, David, Richard Blundell & Richard B. Freeman (1 December 2007). Seeking a Premier Economy: The Economic Effects of British Economic Reforms. University of Chicago Press. стр. 192. ISBN 9780226092904. Посетено на 20 March 2013.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  34. Asplund, Rita, уред. (1998). Flexibility in the Nordic Labour Market. Nordic Council of Ministers. стр. 119. ISBN 9789289302579. Посетено на 20 March 2013.
  35. Morgan 1984.
  36. „The Cabinet Papers | Farming and the Agriculture Acts“. Nationalarchives.gov.uk. Посетено на 2 October 2011.
  37. Self, Peter & Herbert J. Storing. The State and the Farmer.
  38. Hopkins, Eric. Industrialisation and Society: A Social History, 1830–1951.
  39. Pelling, Henry & Alastair J. Reid. A Short History of the Labour Party.
  40. „Next steps in education“. Посетено на 9 January 2016.
  41. Munro 1948.
  42. Oddy, Derek J. From Plain Fare to Fusion Food: British Diet from the 1890s to the 1990s.
  43. Tomlinson, Jim (1997). Democratic Socialism and Economic Policy: The Attlee Years, 1945–1951. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 244. ISBN 9780521892599. Посетено на 21 July 2012.
  44. Beech & Lee 2008.
  45. Shaw, Eric. The Labour Party since 1945.
  46. Thompson, David. England in the Twentieth Century (1914–63).
  47. David Wilsford (1995). Political Leaders of Contemporary Western Europe: A Biographical Dictionary. Greenwood Publishing Group. стр. 21. ISBN 9780313286230.
  48. Nicholas Owen, "Attlee governments: The end of empire 1945–51". Contemporary British History 3#4 (1990): 12–16.
  49. Wolf, David C. (1983). „'To Secure a Convenience': Britain Recognizes China – 1950“. Journal of Contemporary History. 18 (2): 299–326. doi:10.1177/002200948301800207. JSTOR 260389.
  50. „Letter from Mao Zedong to Clement Attlee sells for £605,000“. The Guardian. 15 December 2015. Посетено на 5 January 2020.
  51. John Bew (2017). Clement Attlee: The Man Who Made Modern Britain. Oxford UP. стр. 186–187. ISBN 978-0-19-020340-5.
  52. Arthur Herman, Gandhi & Churchill: The Epic Rivalry that Destroyed an Empire and Forged Our Age (2008) pp 321–25.
  53. Robert Pearce (2006). Attlee's Labour Governments 1945–51. Routledge. стр. 94–95. ISBN 9781134962396.
  54. Bew, Clement Attlee (2017) p 433.
  55. „Churchill and India: Again & Again & Again & Again“. International Churchill Society. 4 July 2013.
  56. Yasmin Khan, The Great Partition: The Making of India and Pakistan (Yale UP, 2005) pp 6, 83–103, 211.
  57. Peter Lyon (2008). Conflict Between India and Pakistan: An Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 19. ISBN 9781576077122.
  58. "Gandhi Is Killed By A Hindu; India Shaken, World Mourns; 15 Die In Rioting In Bombay Three Shots Fired" New York Times 30 January 1948
  59. Paul H. Kratoska (2001). South East Asia, Colonial History: Peaceful transitions to independence (1945–1963). Taylor & Francis. ISBN 9780415247849.
  60. Ellen Jenny Ravndal, "Exit Britain: British Withdrawal From the Palestine Mandate in the Early Cold War, 1947–1948". Diplomacy & Statecraft 21#3 (2010): 416–433.
  61. Hyam Ronald (1988). „Africa and the Labour government, 1945–1951“. Journal of Imperial and Commonwealth History. 16 (3): 148–172. doi:10.1080/03086538808582773.
  62. John Bew (2017), Clement Attlee: The Man Who Made Modern Britain, New York: Oxford University Press, стр. 532
  63. Nicklaus Thomas-Symonds (2010), Attlee: A Life in Politics, London: I B Tauris, стр. 260
  64. Rowe, Abbie (16 May 1961). „MEETING WITH CLEMENT ATTLEE, 1ST EARL ATTLEE, FORMER BRITISH PRIME MINISTER AND LABOUR PARTY LEADER, 12:00PM“. John F. Kennedy Presidential Library and Museum. Посетено на 19 January 2021.
  65. Parkinson, Justin; Davies, Chris (15 April 2013). „Prime ministers' funerals from Pitt to Heath“. BBC News. Посетено на 4 September 2016.
  66. „Earl Attlee's Remains Interred Aka Service Of Memorial And Burial For Earl Attlee (1967)“. Youtube. British Pathe. Архивирано од изворникот на 2021-10-30. Посетено на 18 July 2017.
  67. Anthony Howard – Clement Attlee: the greatest Prime Minister of 20th century (20/41), video on YouTube.

Извори[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Клемент Атли ги објавил своите мемоари, Откако се случи, во 1954.
  • Премиерот се сеќава од Френсис Вилијамс засновани на интревјуата со Атли била објавена во 1961.
Други публикации на Атли
  • Социјален работник (1920)
  • Советите на метрополитенскиот округ Нивниот устав, овластувања и должности – Фабијанов тракт Бр. 190 (1920)
  • Градскиот советник (1925)
  • Волјата и патот до социјализмот (1935)
  • Лабуристичката партија во перспектива (1937)
  • Колективна безбедност под Обединетите нации (1958)
  • Империја во Комонвелтот (1961)

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

  • Бекет, Френсис. Клем Атли (1998) – ажурирано и ревидирано и проширено издание, Клем Атли: Големиот реформатор на трудот (2015)
  • Бев, Џон. Граѓанинот Клем: Биографија на Атли, (Лондон: 2016, британско издание); Клемент Атли: Човекот кој ја создаде модерната Британија (Њу Јорк: Оксфорд УП 2017, американско издание).
  • Буриџ, Тревор. Клемент Атли: Политичка биографија, (1985), научно
  • Коен, Дејвид. Черчил и Атли: Неверојатните сојузници кои ја добија војната (Бајтбек публишинг, 2018), популарен.
  • Кроукрофт, Роберт. Војната на Атли: Втората светска војна и создавањето на лабуристичкиот лидер (IB Tauris, 2011).
  • Харис, Кенет. Атли (1982), научно овластена биографија.
  • Хауел, Дејвид. Атли (2006)
  • Јаго, Мајкл. Клемент Атли: Неизбежниот премиер (2014)
  • Пирс, Роберт. Атли (1997), 206 стр
  • Thomas-Symonds, Nicklaus. Attlee: A Life in Politics (IB Tauris, 2010).
  • Whiting, R. C. "Attlee, Clement Richard, first Earl Attlee (1883–1967)", Oxford Dictionary of National Biography, 2004; online edn, Jan 2011 accessed 12 June 2013 doi:10.1093/ref:odnb/30498

Надворешни врски[уреди | уреди извор]