Игор Курчатов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Игор Василевич Курчатов (руски: И́горь Васи́льевич Курча́тов,12 јануари 1903 година- 7 февруари 1960 година) е советски нуклеарен физичар, којшто е широко познат и како раководител на Советскиот проект за атомска бомба. Заедно со Георги Флеров и Андреј Сахаров, Курчатов е познат и наречен како „татко на советската атомска бомба” а тоа се должи на неговата предводечка улога во нуклеарната програма на Советскиот Сојуз, кога СССР дознава за напорите на Западните сојузници да произведат нуклеарно оружје, програма којашто е во тајност за време на Втората светска војна .По девет години тајно конструирање, Советскиот Сојуз успешно го тестираше своето прво нуклеарно оружје наречено Џо-1 во зоната за тестирање којашто се наоѓа во Семипалатинск, во 1949 година.Во 1954 година тој ја добива Државната награда на Советскиот Сојуз. Од 1940 година па наваму, Курчатов работеше и придонесе за унапредување на програмата за нуклеарно оружје, а подоцна се залагаше за мирен развој на нуклеарна технологија. Во 1950 година, Курчатов го даде својот придонес и во развитокот на хидрогенската бомба заедно со Андреј Сахаров. Други остварени проекти на Курчатов се инсталација и развојот на првиот акцелераторот за забрзување на наелектризирани честички од страна на Советскиот Сојуз, уште наречен и циклотрон, отварање и изградба на нуклеарната централа во Обнинск, првата комерцијална нуклеарна централа истотака во Обнинск, комплетирање и лансирање на ,,Ленин”- првиот брод на нуклеарен погон под негово раководство во 1959година.

Проектот атомска бомба[уреди | уреди извор]

Во 1941 година, Германија започна опсежна воена офанзива против Советскиот Сојуз, позната под името како опреација Барабоса. Во тоа време Курчатов го спроведуваше истражувањето од областа на нуклеарната физика и поради тоа опсежно истражување тој беше широко познат во Советската Академија на науките. Поради војната со Германија и нејзините сојузници, Советскиот Сојуз се до 1942 година не презема никакви сериозни иницијации за отпочнување на научните истражувања на нуклеарните оружја.Георги Флеров, којшто подоцна станува клучна фигура во спроведувањето на нуклеарната програма, тајно му испраќа шисмо на Јосиф Сталин нагласувајќи дека во физичките списанија нема ништо објавено од страна на Американците, Британците, па дури и Германците, за нуклеарна фисија од 1939 година, годината кога била откриена и дека навистина многу од најистакнатите физичари во земјите сојузнички изгледа нема да објавуваат воопшто. Оваа академска тишина му била многу сомнителна на Флеров па затоа го повикува Сталин да ја отпочнат програмата на непосреден ефект, бидејќи тој верувал дека другите земји напредуваат со својата програма потајно. Во 1943 година,NKVD(Народен Комесаријат за внатрешни работи) доби копија од тајниот британски извештај на MAUD Committee во врска со изводливоста на атомското оружје, којшто го доведе Сталин во состојба да го нареди започнувањето на советската нуклеарна програма (но со многу ограничени ресурси). Сталин се обрати до Советската академија на науките со цел да го најде најдобриот раководител на програмата и како резултат на тоа Советската академија на науките го одбра Курчатов поради неговото големо искуство во нуклеарната физика. Лофе го препорачува Курчатов на Вјачеслав Молотов и од таму тој го советува Сталин да го назначи Курчатов како официјален директор на зачетната нуклеарна програма на Советскиот сојуз. Развојот на нуклеарното оружје во Советскиот сојуз започнува во 1840-тите години. Курчатов најпрвин во неговото истражување ја вклучува заштитата на бродовите од магнетни мини а подоцна и на оклопни тенкови во нуклеарната физика. Во текот на своите први години проектот атомска бомба, беше со релативно низок приоритет, но тоа се смени со информацијата од шпионот Клаус Фукс, а подоцна уништувањето на Хирошима и Нагасаки го потикна Сталин да ги земе работите во свои раце. Сталин му издаде наредба на Курчатов да создаде бомба до 1948 година и да го потчини под директна повела на проектот безмилосниот Лаверентиј Берија. Проектот го презеде градот Саров во областа Горки (денешна област Нижниј Новгород),на Волга и го преименуваа во Арзамас-16. Тимот (во којшто беа вклучени и други истакнати советски нуклеарни научници како Јулиј Борисович Харитон и Јаков Борисович Зелдович)беше потмогнат и од страна на Владата на САД со јавните обелоденувања и со дополнителни информации обезбедени од страна на Фухс, но Курчатов и Берија (плашејќи се дека веста е дезинформација) инсистираа нивните научници се да тестираат повторно. Особено Берија ќе ја искористи веста како преглед од трета страна на заклучоците на научните тимови.

„First Lightning“[уреди | уреди извор]

На 29 август 1949 година тимот на Курчатов успешно го активираше првиот уред за тестирање, ,,First Lightning” (имплозивна бомба направена од платониум), во зоната за тестирање, во Семипалатинск. Подоцна Курчатов забележал дека во тоа време се чувствувал олеснато. Во 1952 година, во пресрет на успешното активирање на првиот уред за фузија од страна на САД, познато под името Ivy Mike, Сталин им наредил на советските научници да создадат сличен уред, таа програма била отпочната во 1953 година. Овој проект го раководеле Виталиј Гинзбург и Андреј Сахаров којшто го отпочна овој проект како Сахаровата ,,Трета идеја”.Потоа Курчатов го даде својот придонес и во некои од пресметките за првата хидрогенска бомба на Советскиот сојуз. За разлика од Гинзбург, Сахаров и Јаков Зелдович, Курчатов учествувал само во мали пресметки, применувајќи ги основните принципи за нуклеарно оружје, коишто важат за помалите нуклеарни оружја коишто беа создадени под негово раководство. Во 1953 година, Советскиот сојуз го активирал својот прв термонуклеарен уред познат како Joe 4. Додека други научници, како што се Гинзбург, Зелдович и Сахаров се здобија со слава, придонесот на Курчатов се намали.

Други проекти[уреди | уреди извор]

Во доцните 1950-ти години, Курчатов се залагаше за да нема тестирање на нуклеарни оружја. Во остварените проекти под раководство на Курчатов се вбројуваат првиот циклотрон во Москва (1949),првиот атомски реактор во Европа (1946),првата нуклеарна централа во светот (1954), првиот нуклеарен реактор за подморници во светот (1959) и мразокршачот Ленин,првото нуклеарно напојување на површински бродови и цивилни бродови во светот.

Наследство и признанија[уреди | уреди извор]

За време на програмата А-бомба, Курчатов се заколна дека нема да си ја иссече брадата се додека програмата не успее ,тој продолжи да носи голема брада (често ја сечел во некои екцентрични стилови) до крајот на својот живот и се здобива со прекарот ,, Брадестиот”. По серијата доживеани мозочни удари, Курчатов умира во 1960 година, во Москва а неговите посмртни останки се закопани во Некрополата на Кремљскиот ѕид на Црвениот плоштад. Два града го носат неговото име областа Курчатов, седиштето на СТС(зона за тестирање во Семипалатинск) и Курчатов во близина на Курск (седиште на една нуклеарна централа) како и Институтот ,, Курчатов” именуван во негова чест, кадешто на влезот стои голем споменик посветен на него. Кратерот Курчатов на Месечината и астероидот 2352 Курчатов се истотака именувани според него.