Преодни метали

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Преоден метал)

Преодни метали се наоѓаат измеѓу 2 и 13 група од периодниот систем на елементи.[1] Овие метали ги попоолнуваат 3d, 4d и 5d орбиталата додека на последното енергетско ниво, скоро по правило се наоѓаат по два ѕ-електрони од спротивниот спин. Промената на бројот на електрони се јавува кај елементи од иста периода, а не кај групи како кај останатите елементи. Тоа е причината поради која се јавуваат сличности помеѓу елементите од иста периода и тоа доста почесто од останатите елементи од иста група, но се разликуваат измеѓу групите многу помалку отколку од главните групи. За разлика од атомите на главните групи овие метали поседуваат јони со знаително помал полупречник и крситална решетка со голема енергија, затоа се со голема густина и тврдост, и воски температури на топење и вриење. Овие елементи се одлични проводници на топлина и електричество и имаат доста добри физички својства. Поголемиот дел од соединенијата на преодните метали е обоена како оние во цврста агрегатна состојба така и кај растворите. Кај ппреодните метали се јавува тежнеење за изградба на легури и меѓусебно и со други метали.[2]

Карактеристичните хемиски својства на преодните метали се гледаат во:

  • вредностите на електронегативностите кои се движат измеѓу 1,1 и 2,2;
  • формирање на соединенија со различни оксидациони броеви;
  • тежнее да гради комплексни соединенија.

Коефициентите од електронегативноста покажуваат дека овие метали го претставуаат преминот измеѓу најелектронеганивните метали и неметалите.

Со анализа на енергија на јонизација и споредба со алкални и земноалкалните метали во истата периода се приметува дека вредностите на првите енергии на јонизација се поголеми кај преодните метали и дека расте со зголемувањето на атомскиот број. Преодните метали ретко градат јонски соединенија, туку се соединуваат градејќи ковалентни молекули или врски со значителен ковалентен карактер.

Градењето на соединенија со различни оксидациони броеви е карактеристично за овие метали. Во истата група може да се најде стабилно соединение и со парен и со непарен број.

Соединенијата на преодните метали од 5 и 6 периода се стабилни, со високи оксидациони броеви, а киселиот каректер им е во пораст. Во соединенијајата на преодните метали со низок оксидационен број на врски е претежно со јонски карактер, додека при вишите оксидациони броеви преовладува ковалентната врска.

Преодните метали имаат големо индустриско значење, бидејќи на нивните легури се основа металургијата. Значајни се и како биогени елементи, а од нив најмногу се издвојува железото.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Housecroft C. E., Sharpe A. G. (2008). Inorganic Chemistry (3rd ed.). Prentice Hall. ISBN 978-0131755536.
  2. Parkes, G.D. & Phil, D. (1973). Melorova moderna neorganska hemija. Beograd: Naučna knjiga.