Собна температура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Собна температура — израз за претпочитаната или типичната температура на една просторија која ја користат луѓето за разни цели. Претставува мал опсег на температури, при кои воздухот не е ни претопол, ни престуден.

Поимот може да се однесува на температурата што се чувствува на човечкото тело, или пак на оптимална температура за храна и пијалоци, складирање на лекови или пак вршење на научни опити. На пример, Државната фармакопеја на Русија, под „собна температура“ (за чување на лекови) подразбира опсег од 15 до 20 °C.[1]

Здравје и удобност[уреди | уреди извор]

Поради разликите во влажноста на воздухот и облеката, препорачаната собна температура во лето не е иста со онаа во зима. Лете се препорачува 23 °C до 25,5 °C, а зиме 20 °C до 23,5 °C.[2] Според други согледувања, максималната температура треба да изнесува 24 °C, а под 22 °C за да се избегне синдромот на боледување при лош квалитет на воздухот.[2]

Според Здравствената опсерваторија на Западен Мидлендс, Британија,[3] соодветна собна температура зиме е 21 °C за дневната соба и барем 18 °C во другите простории, при што највисоката удобна температура за возрасни е 24 °C.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Государственная фармакопея Российской Федерации, XII изд. часть 1
  2. 2,0 2,1 Burroughs, H. E.; Hansen, Shirley (2011). Managing Indoor Air Quality. Fairmont Press. стр. 149–151. http://books.google.com/books?id=KBbHmp2yisEC&lpg=PA149&ots=yTqUP4xIOx&dq=%2BASHRAE%20%2B%22recommended%20temperatures%22&pg=PA149#v=onepage&q=+ASHRAE%20+%22recommended%20temperatures%22&f=false. конс. 25 декември 2014 г. 
  3. Hartley, Anne (1 март 2006). „Fuel Poverty“. West Midlands Public Health Observatory. Birmingham, UK: West Midlands Public Health Observatory. http://www.wmpho.org.uk/publications/item.aspx?id=47. конс. 25 декември 2011 г. 
  4. Roberts, Michelle. „Why more people die in the winter“, „BBC News“, 27 октомври 2006 (конс. 25 декември 2011 г).