Група 9 на периодниот систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

IX група на хемиски елементи — група хемиски елементи во периодниот систем според Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (IUPAC). Во неа спаѓаат кобалтот (Co), родиумот (Rh), иридиумот (Ir) а можеби и мајтнериум (Mt), чии хемиски особини се неутврдени. Сите тие се преодни метали во d-блокот. Сите познати изотопи на мајтнериумот се радиоактивни со кратки полураспади, а самиот елемент не е познат во природата; елементот е добиен во лабораторија по вештачки пат, во крајно мали количини.

Како и кај другите групи, членовите на ова семејство имаат сличности во својата електронска конфигурација, особено кај најнадворешните обвивки, кои делат трендови на хемиско поведение; сепак, родиумот отстапува од шемата.

Хемија[уреди | уреди извор]

Z Елемент Електрони/обвивка
27 кобалт 2, 8, 15, 2
45 родиум 2, 8, 18, 16, 1
77 иридиум 2, 8, 18, 32, 15, 2
109 мајтнериум 2, 8, 18, 32, 32, 15, 2 (предвидено)

Мајтнериумот досега не е изолиран во чист облик, и затоа неговите особини не се конечно утврдени; кобалтот, родиумот и иридиумот имаат опитно потврдени својства. Сите три елементи се преодни метали се одликуваат со сребреникавобела боја, тврдост и високи точки на топење и вриење.

Историја[уреди | уреди извор]

Кобалтот е откриен во египетски и персиски наоди постари од II милениум п.н.е. Родиумот е откриен во 1803 г. кога Вилијам Хајд Воластон нашол платинска руда во царска вода, а потоа ја неутрализиран киселината со натриум хидроксид. Воластон потоа ставил амонијак хлорид и ги растворил сите метали освен родиумот и паладиумот со азотната киселина во царската вода. Иридиумот е откриен во 1804 г. на мошне сличен начин од Смитсон Тенант. Мајтнериумот е откриен во 1982 г. со бомбардирање на бизмут-209 со железо-58.

Застапеност[уреди | уреди извор]

Сите елементи од IX група се релативно ретки во природата, при што најзастапен е кобалтот, со само 0,0029% од Земјината кора. Родиумот и иридиумот се најретките елементи во природата, и се среќаваат само во платински руди. Мајтнериумот се добива само во нуклеарни реактори и не е застапен во природата сам по себе.

Биолошка улога[уреди | уреди извор]

Траги од кобалт имаат сите животни, присутни во витаминот Б-12. Останатите елементи од групата немаат биолошка улога.

Примена[уреди | уреди извор]

  • легури и други метали, претежно за отпорност од ’рѓосување и абење
  • индустриски катализатори
  • суперлегури
  • електрични делови

Поврзано[уреди | уреди извор]