Натриум хидроксид
![]() | |
![]() | |
Систематско име | Натриум хидроксид |
Назнаки | |
---|---|
1310-73-2 ![]() 14014-06-3 (2H) 12179-02-1 (monohydrate) | |
ChemSpider | 14114 ![]() 9193979 (2H) ![]() 9346004 (17O) ![]() 10732929 (monohydrate) ![]() 392291 (dihydrate) ![]() |
EC-број | 215-185-5 |
| |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
MeSH | Sodium+hydroxide |
PubChem | 14798 23676750 (2H) 23675120 (17O) |
RTECS-бр. | WB4900000 |
| |
UNII | 55X04QC32 ![]() |
ОН-бр. | 1823 |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | бела цврста, хигроскопна |
Густина | 2.13 g/cm3 |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
1110 g/L (20 °C) | |
Растворливост во етанол | 139 g/L |
Растворливост во метанол | 238 g/L |
Растворливост во глицерол | растворлив |
Киселост (pKa) | ~13 |
Показател на прекршување (nD) | 1.412 |
Дополнителни податоци | |
![]() Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Натриум хидроксидот (NaOH) претставува една од најјаките бази што постојат. Тој во индустријата се добива со електролиза на концентриран раствор на натриум хлорид. Притоа, на катодата се одделува водород, на анодата хлор, додека во растворот останува натриум хидроксид:
Покрај овој начин, кој е најупотребуван, натриум хидроксидот се добива индустриски, со т.н. постапка „каустификација на сода“. Натриум хидроксидот е бела непроѕирна тврда супстанција во вид на парчиња, лупушки, прачки или зрна. Неговата моларна маса изнесува 40 g/mol. Натриум хидроксидот се топи на температура од 323 °C (596 К), а додека пак врие на температура од 1390 °C (1663 К). Во трговијата е познат и како „каустична сода“ или „камена сода“. За да се испитаат некои хемиски својства на натриум хидроксидот, најчесто се изведува следниот опит:
- Се зема со лажица едно парче натриум хидроксид и се става на лист хартија. Набргу тој се разводнува. Се додава малку натриум хидроксид во вода. Натриум хидроксидот ќе се раствори. Ако ја допреме епруветата, таа е жешка. Во порцеланска шолја ставаме малку концентриран раствор на натриум хидроксид, а потоа ставаме во него парче од некоја ткаенина. Набргу ткаенината ќе се разори.
Опитот покажува дека натриум хидроксидот на воздух се разводнува, бидејќи од него впива влага. Значи, тој е хигроскопна супстанција каква што е сулфурната киселина. Натриум хидроксидот добро се раствора во вода, при што се ослободува значително количество на топлина. Натриум хидроксидот ги разорува растителните и животинските ткива. Тој ја разорува и човечката кожа и ако падне на неа предизвикува изгореници. Поради разорното дејство на натриум хидроксидот тој е познат и под името „жива сода“. Исто така, тој реагира и со киселините при што се добива сол и вода:
Натриум хидроксидот наоѓа голема примена во индустријата. Се употребува за производство на сапун што претставува традиционален хемиски процес со натриум хидроксидот. Арабјаните почнале да произведуваат сапун со натриум хидроксид уште во седмиот век. Истиот процес за производство на сапун се користи и ден денес. Наоѓа примена и во индустријата за добивање на бои, целулоза, вештачка свила, каучук и др. Натриум хидроксидот наоѓа примена и за пречистување на нафта, масти и масла, како и во индустријата за добивање на алуминиум.
Галерија[уреди | уреди извор]
Опитот „Волшебни пијалаци“.
|
|
|