Царска вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Царска вода[б 1]
Aqua regia.svg
Aqua regia in NMR tubes.jpg
Свежо подготвената царска вода е безбојна, но за неколку секунди станува портокалова. Во случајов се користи за чистење од органски соединенија на садовите потопени во неа.
Назнаки
8007-56-5 Yes check.svgОк
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 90477010
UNII X3TT5X989E Yes check.svgОк
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед чадлива течност. Свежо подготвената царска вода е безбојна, но за неколку секунди станува жолта, портокалова или црвена.
Густина 1,01–1,21 г/см3
Точка на топење
Точка на вриење
растворлива
Парен притисок 21 mbar
Штетност
NFPA 704
NFPA 704.svg
0
3
0
 
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Царска вода (лат. и англ. aqua regia) или кралска вода, по МСЧПХ: хидрохлорид на азотна киселина, HNO3 +3 HCl) — мешавина од концентрирана азотна (HNO3) и хлороводородна (HCl) киселина во волуменски сооднос 1:3.[1]

Особини и својства[уреди | уреди извор]

Царската вода е силен оксидирачки растворувач, т.е. мешавина од киселини во кои се раствораат златото, платината и паладиумот. Се состои од еден волуменски дел од концентрирана азотна киселина (HNO3) и три дела од концентрирана хлороводородна киселина (HCl). Поради своето многу силно оксидирачко дејство, се користи за растворање на благородни метали (освен среброто, со кое твори нерастворлив хлорид). Се користи за издвојување на метали на злато, сребро и платина од анодната тиња што останува по електролитичкото рафинирање на никел и бакар.

Нејзината реакција со златото е претставена со следната хемиска равенка:

3HNO3 + 9HCl + 2Au → 2AuCl3 + 3NOCl + 6H2O

Со растворање на злато во царска вода, се создаваат тетрахлороаурат (III) јони, што се изразува со равенката:

Au(s) + 4 H + + NO3 - + 4Cl - <--> AuCl4 - + NO(g) + 2H2O

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Информациите во инфокутијата се специфични за моларен сооднос од 1:3 помеѓу азотна киселина и хлороводородна киселина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hrvatska enciklopedija (LZMK); broj 11 (Tr-Ž), str. 743. Za izdavača: Leksikografski zavod Miroslav Krleža, Zagreb 2009.g. ISBN 978-953-6036-41-7

Надворешни врски[уреди | уреди извор]