Хрватска енциклопедија
Уредник | Далибор Брозовиќ, Томислав Ладан и др. |
---|---|
Изворен наслов | Hrvatska enciklopedija |
Земја | Хрватска |
Јазик | хрватски |
Предмет(и) | општа |
Жанр | прирачна енциклопедија |
Издавач | Лексикографски завод „Мирослав Крлежа“ |
Издадена | 1999–2009 |
Медиум | 11 тома (тврда подвеска) |
ISBN | 953-6036-31-2 |
OCLC | 247866724 |
Original text | Hrvatska enciklopedija online |
Хрватска енциклопедија (хрватски: Hrvatska enciklopedija) — национална енциклопедија на Хрватска која ја издава Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“[1] (порано „Југословенски лексикографски завод“).
Историјат
[уреди | уреди извор]Проектот започнал во 1999 г. и претставува петти ваков потфат, почнувајќи од Хрватска енциклопедија на Мате Ујевиќ и продолжила како Општа енциклопедија на Југословенскиот лексикографски завод, како и две изданија на Општа енциклопедија.[1]
Во периодот од 1999 до 2009 г. се издадени единаесет тома — по еден том годишно. Почувајќи од 2010 г. се изготвува семрежно издание на енциклопедијата, дополнета со нови мултимедијални содржини.[2] Слободното семрежно издание е пуштено во септември 2013 г. Печатењето е запрено и сета понатамошна работа се одвива исклучиво во бази на податоци, кои се основа за семрежното и други мултимедијални изданија на енциклопедијата.[3]
Томови
[уреди | уреди извор]Том | Главен уредник | Година | Страници |
---|---|---|---|
I. : A – Bd | Далибор Брозовиќ | 1999 | 674 |
II. : Be – Da | 2000 | 723 | |
III. : Da – Fo | 2001 | 722 | |
IV. : Fr – Ht | 2002 | 753 | |
V. : Hu – Km | Аугуст Ковачец | 2003 | 725 |
VI. : Kn – Mak | 2004 | 786 | |
VII. : Mal – Nj | 2005 | 814 | |
VIII. : O – Pre | Славен Равлиќ | 2006 | 773 |
IX. : Pri – Sk | 2007 | 842 | |
X. : Sl – To | 2008 | 830 | |
XI. : Tr – Ž | 2009 | 859 |
Печатените томови опфаќаат вкупно 9.272 страници, содржат 67.077 статии со вкупно 1.059.000 реда текст.[3] Делото е здружена работа на 1.070 автори, претежно соработници.[3] Секој еден томо е работа на 20 до 30 вработени во Лексикограгскиот завод и 300-400 соработници.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Hrvatska enciklopedija“. Архивирано од изворникот на 2018-06-29. Посетено на October 24, 2017.
- ↑ „Predstavljena internetska izdanja Leksikografskoga zavoda“. September 23, 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на January 1, 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Predgovor mrežnom izdanju Hrvatske enciklopedije“. Архивирано од изворникот на 2014-02-03. Посетено на January 2, 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хрватска енциклопедија — семрежно издание (хрватски)