Група 3 на периодниот систем

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елементите од третата група се хемиски елементи кои ја сочинуваат третата вертикална колона од периодниот систем.

МСЧПХ нема предложено специфична форма на периодниот систем, па затоа се користат најразлични конвенции за третата група. Следните преодни метали од d-блокот се сметаат секогаш за дел од оваа група:

Кога се дефинира остатокот од групата 3, постојат четири различни конвенции. (Види и Број на група на лантаноидите и актиноидите):

  • Некои периодни системи [1] ги вклучуваат лантанот (La) и актиниумот (Ac), кои се почетните елементи на лантаноидите и актиноидите, соодветно, како останатите членови на групата 3. Во нивните најчесто вбројувани трипозитивни јонски форми, овие елементи не поседуваат делумно пополнети f-орбитали, како резултат на што имаат својства на елементите од d-блокот.
  • Некои периодни системи [2] ги вклучуваат лутециумот (Lu) и лоренциумот (Lr) како останатите членови на групата 3. Овие елементи се крајни во редовите на лантаноидната и актиноидната серија, соодветно. Овој распоред е застапуван од Глен Т. Сиборг. Додека f-обвивката е пополнета во најниското енергетско ниво на електронската конфигурација кај двата елемента, тие повеќе се однесуваат како метали од d-блокот на елементи отколку како лантаноиди и актиноиди, поради што пројавуваат многу слични својства со Sc и Y. За Lr, ова однесување е очекувано, но не е набљудувано бидејќи од овој елемент не можат да се издвојат доволни количества.

Постојат и трета и четврта алтернатива за елементите од третата група:

  • Третата алтернатива е онаа која ги вбројува лутециумот, ловренциумот и сите 28 лантаноиди и актиноиди во групата 3. Лантаноидите, како електропозитивни тривалентни метали имаат блиска хемија и сите покажуваат сличности со Sc и Y.
  • Четвртата алтернатива е онаа која ги изостава лутециумот, ловренциумот, лантаноидите и актиноидите од групата 3. Лантаноидите поседуваат додатни својства карактеристични за нивните полупополнети f-орбитали кои не се својствени за Sc и Y. Понатаму, актиноидите покажуваат многу поголема хемија (на пример, со оксидационите броеви) во нивните серии отколку лантаноидите, со што споредбите со Sc и Y се помалку корисни.

Наоѓање[уреди | уреди извор]

Скандиумот, итриумот и лантаноидите (со исклучок на прометиумот) се наоѓаат заедно во Земјината кора и се релативно позастапени во споредба со повеќето метали од d-блокот, но се често потешки за екстракција од нивните руди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Листа на елементи

Име | Атомски симбол | Атомски број | Точка на вриење | Точка на топење | Густина | Атомска маса

Групи:   1 -  2 -  3 -  4 -  5 -  6 -  7 -  8 -  9 - 10 - 11 - 12 - 13 - 14 - 15 - 16 - 17 - 18
Периоди:  1  -  2  -  3  -  4  -  5  -  6  -  7  -  8  -  9
Серии:   Алкали  -  Земноалкални  -  Лантаноиди  -  Актиноиди  -  Преодни метали  -  Сиромашни метали  -  Металоиди  -  Неметали  -  Халогени  -  Благородни гасови
Блокови:  s-блок  -  p-блок  -  d-блок  -  f-блок  -  g-блок