Атомски полупречник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Приказ на хелиумски атом со неговата електронска веројатносна густина како сиви нијанси

Атомски полупречник (атомски радиус) — растојанието меѓу најоддалечените електрони во еден атом и атомското јадро на тој атом.

Атомските полупречници се менуваат во периодниот систем: со секоја нова периода се пополнува нов електронски слој. Затоа, атомските полупречници растат одејќи надолу по група, а надесно по периода се намалуваат. Значи, одејќи надесно по една периода, кај секој нареден елемент има по еден електрон повеќе кој се сместува во истиот електронски слој. Но, истовремено, кај секој следен елемент бројот на протони (атомски број) во јадрото се зголемува за еден. Како резултат на тоа, електростатичките привлечни сили меѓу јадрото и електронската обвивка се зголемуваат што резултира со намалување на атомските полупречници.

Споредба на валентните и атомските полупречници[уреди | уреди извор]

Атом     Валентен полупречник    Атомски полупречник
N 0.7 0.71
P 1.1 1.15
S 1.04 1.04
I 1.33 1.35

Поврзано[уреди | уреди извор]