Пештера Ласко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Пештерата Ласко (француски: Grotte de Lascaux) се наоѓа на југозападот на Франција и позната е по свои полихромни цртежи од времето на подоцнежниот палеолит. Пештерата се наоѓа во близина на местото Монтињак во департманот Дордоња. Вкупна површина на пештерата е околу 120 м². Се смета дека цртежите во пештерата Ласко се стари 17.300 години.[1][2] На цртежите се претставени големи животни, од кои за повеќето може со анализа на фосилите да се потврди дека живееле во овој крај. Тоа се: коњи, бизони, говеда, елени и планински овци, а поретко: мечки, носорози и крупни мачки.

1979 година пештерата Ласко, заедно со други праисториски наоѓалишта во долината на реката Везер, ставена е на листата на УНЕСКО како Светско наследство.[3] мини|200п|План на пештерата Ласко Се смета дека палеолитските луѓе во пештерите вршеле магиски ритуали. Последните години претставена е теоријата дека цртежите во пештерите Ласко претставуваат праисториски слики на созведијата.[4]

Историја на пештерата од поново откритие од 20 век[уреди | уреди извор]

Во летото 1940 осамнаестогодишиот Марсел Равида (Шаблон:Јез-фр) го открил влезот во пештерата Ласко. Подоцна се вратил во неа со тројца пријатели. Четворицата откриле дека ѕидовите на пештерите се прекриени со слики на животни.[5][6] Пештерата е отворена за јавност во 1948 [7] До 1955 од јаглероден диоксид, кој го произведувале околу 1200 посетители на ден, видливо се оштетиле цртежите. Пештерата е затворена за јавност во 1963, цртежите се реставрирани во оригинална состојба, а пештерата е ставена под постојан надзор на стручњаци.

Реплика на двете најзначајни сали на пештерата, голема сала на бикови и галерија на слики, под името Ласко -{II}- (-{Lascaux II}-), отворена е во 1983, на 200 метри од оригиналната пештера.[6] Репродукција на останатите цртежи од пештерата Ласко се прикажани во Центарот за праисториска уметност во Ле Тот.

Од 1998 година пештерата ја заразиле габички. Причина за ова би можело да биде системот за проветрување, силно осветлувње, или преголем број на посетители.[8] 2008 година констатирано е присуство на габата Стахиботрис која стручњаците се обиделе да ја одржат на растојание од цртежите. Денес пристап до пештерата имаат само неколку стручњаци, и тоа само по неколку дена месечно. Процедури кои се користенеи за отстранување на габичките оставиле темни дамки на ѕидовите, а се оштетиле и пигментите.[9]

Археолошки откритија[уреди | уреди извор]

Меѓу откриените предмети се наоѓаат 403 камени алатки, 28 алатки од коски, 113 фрагменти од алатки од растително потекло, 10 парчиња накит од продупчени школки, и бројни трагови од боја и смола (килибар). Покрај ламби, боја и остатоци од храна, пронајдени се врвови од стрела, стругачи и сечива. Судејќи по малиот број на пронајдени алатки, во пештерите не се живеело.

Боите на цртежите во пештерите се анализирани со електронски микроскоп. Црни бои се оксиди на манган, додека жолтите, портокаловите и црвените пигменти се оксиди на железо. Сите тие се користени во чист облик, без мешање со други минерали и без термичка обработка.[10].

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Littlewood, Ian (2005). Justin Wintle. уред. The timeline history of France. New York: Barnes & Noble. стр. 296. ISBN 978-0-7607-7975-0. 
  • Bahn, Paul G. (2007). Cave Art: A Guide to the Decorated Ice Age Caves of Europe. London: Frances Lincoln. стр. 81–85. ISBN 978-0-7112-2655-5.