Џул на мол

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Килоџул на мол)
Прејди на: содржини, барај

Џул на мол (симбол: J/mol или Џ/мол; научно: J·mol−1) — изведена SI-единица за енергија по количество материјал. Енергијата се изразува во џули, а материјалот во молови. На пример, Гибсовата слободна енергија се изразува во џули на мол.

Бидејќи 1 мол = 6,02214×1023 честички (атоми, молекули, јони и тн.), 1 џул на молќе биде 1 џул поделен со 6,02214×1023 честички, т.е. 1,66054×10−24 џули по честичка. Вакви мошне мали количества енергија често се изразуваат со помали единици како што е електронволтот (eV).

Физичките величини кои се изразуваат во J/mol обично се однесуваат на количеството на енергија кое се предава при фазни премини или хемиски реакции. Делењето со бројот на молови ја олеснува споредбата на процеси со различни количества материјал, како и меѓу слични процеси чии материјали се разнородни. Смислата на ваквата количина секогаш зависи од контекстот, а кај хемиските реакции, зависи и од (понекогаш произволната) дефиниција за „мол“ во дадениот процес.

Поради големиот опсег на величини, овие количества речиси секогаш се изразуваат во килоџули на мол (kJ/mol. кЏ/мол, науч. kJ·mol−1) наместо во џули на мол. На пример, топлината при фузија и испарување се изразува во десетици, врските во стотици, а енергиите на јонизација во илјадници килоџули на мол.

1 kJ/mol е еднаков на 0,239 kcal/mol или 1,04×10−2 eV по честичка. При собна температура (25 °C или 298,15 K) 1 kJ/mol е еднаков на 0,4034  (Болцмановата константа по температурата).

Наводи[уреди | уреди извор]