Енергија на јонизација
Енергија на јонизација — енергија која треба да му се доведе на атомот на некој хемиски елемент, во гасовита агрегатна состојба, за од него да се отстрани електрон.
Ако се работи за отстранување на еден електрон, станува збор за прва енергија на јонизација, за уште еден - втора енергија на јонизација итн. За еден ист елемент секоја следна енергија на јонизација е повисока. Тука станува збор за отстранување на електрон од последниот електронски слој. Колку што е тој подалеку од јадрото, толку електроните се послабо привлекувани од него, па затоа полесно ќе можат да се отстранат. Според тоа, со растење на атомскиот полупречник, се намалува енергијата што е потребна да се отстрани електронот. Значи, одејќи воглавно надолу по група, енергијата на јонизација се намалува, а по периода (од лево кон десно) се зголемува.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|