Период на полураспад

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Период на полураспаѓање)
Прејди на: содржини, барај

Период на полураспад е времето потребно за една супстанца во процес на распаѓање да се намали за половина. Во почетокот, терминот обично се користел да се опише особината на нестабилни атоми (кои радиоактивно се распаѓале), но може да важи за било која количина која следи одредена стапка на распад.

Период на полураспаѓање многу често се користи за опишување на залихи во процес на експоненцијален распад на пример радиоактивен распад.