Прејди на содржината

Аренсфелде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аренсфелде
Воздушен поглед на Аренсфелде (напред) со станбените згради од Берлин-Марцан (во позадина)
Воздушен поглед на Аренсфелде (напред) со станбените згради од Берлин-Марцан (во позадина)
Воздушен поглед на Аренсфелде (напред) со станбените згради од Берлин-Марцан (во позадина)
Грб на Аренсфелде
Аренсфелде во рамките на Германија
Аренсфелде
Управа
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
ОкругБарним
Месни единици5
ГрадоначалникВилфрид Герке (ДХС)
Основни податоци
Површина57,74 км2
Надм. височина56−85 м
Население 14.050 (31 декември 2022)[1]
 - Густина243 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BAR
Пошт. бр.16356
Повик. бр.030
Порталwww.ahrensfelde.de
Местоположба на Аренсфелде во рамките на округот Барним
Карта
Карта
Координати52°34′33″N 13°34′35″E / 52.57583°N 13.57639°E / 52.57583; 13.57639

Аренсфелде (германски: Ahrensfelde) — општина во округот Барним, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на самата граница со Берлин, на околу 13 километри североисточно од центарот на градот. Општината се состои од селата Аренсфелде, Блумберг, Ајхе, Линденберг и Меров.

Историја

[уреди | уреди извор]
Селската црква во Аренсфелде

Аренсфелде, како соседното село Ајхе, бил првпат споменат во земјишната книга од 1375, откако бил припоен кон Маркгрофовијата Бранденбург две години претходно. Меѓутоа, најстарото село е Блумберг, некогаш посед на Бискупијата Бранденбург, кој првпат бил споменат како Блуменберх во 1253. Дворецот Блумберг бил преземен од поетот и дипломат Фридрих фон Каниц кон крајот на 17 век, а подоцна бил повторно изграден по плановите на Карл Фридрих Шинкел, а паркот проектиран од Петер Јозеф Лене. Бил уништен од страна на Црвената армија во текот на Битката кај Берлин 1945. Историчарот на уметноста Адолф Бетихер е роден во Блумберг.

Во 1908, гробиштата Аренсфелде биле основани од Евангелистичката црква на Пруската унија како гробно место надвор од Берлин. Делови од општината близу железничката станица биле премногу изградени и конечно припоени кон округот Марцан, дел од Источен Берлин, во 1990. Денешната општина била основана со спојување на Аренсфелде, Блумберг, Ајхе и Линдеберг на 26 октомври 2003.

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)